Ада Бојана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ада Бојана
Ishulli Ada e Bunës
Ostrvo Ada Bojana
Buna-muendung.jpg
Географија
МестоДелта на река Бојана
Вкупно острови1
Површина4,81 км2
Подреденост по површина1 (во Црна Гора)
Должина3 км
Највисоко издигнување3 м
Управување
ОпштинаУлцињ
Демографија
Населениененаселено место
Ада Бојана

Ада Бојана — остров кој се наоѓа во Општина Улцињ во Црна Гора. Името Ада значи „речен остров“ во превод.

Островот е создаден од делтата на реката Бојана. Легендата вели дека бил формиран со собирање речен песок околу еден брод потонат на устието на реката Бојана.

Островот е со триаголен облик, граничи со двете страни од реката Бојана, и со Јадранското Море од југозапад. Островот има површина од 4,8 квадратни километри.

Ада Бојана е популарна туристичка дестинација со 3 километри долга песочна плажа и со традиционални ресторани за морска храна. Ада Бојана е една од врвните локации за сурфање на јадранското крајбрежје поради силните ветрови за време на летните денови, посебно во попладневните часови. Главниот приход на Ада Бојана е од кампување. The New York Times го вклучил островот Ада Бојана и јужното крајбрежје на Црна Гора во ранг на најголемите туристички дестинации за 2010 година - „Top Places to Go in 2010“ (Топ места за 2010)[1]. Ада Бојана има форма на триаголник. Од една страна се наоѓа Јадранското Море, а на другите две реката Бојана. Плажата свртена кон морето е песочна и е долга околу 3 километри. Плажите и морското дно се прекриени со фин песок. Десниот дел на реката Бојана го дели островот од 13 километри долгата плажа на Улцињ. Најблиското населено место е селото Штој, и градот Улцињ.

Ада Бојана ги краси суптропските и медитеранските растенија, а некои од растителните и животинските видови се единствени во Европа. Друга специфичност на Ада Бојана се кравите кои слободно се движат наоколу.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „The 31 Places to Go in 2010“. The New York Times. 7 January 2010. конс. 2014-10-27.