Агри (река)
Агри | |
---|---|
Текот на Агри | |
Местоположба | |
Држава | Италија |
Физички особености | |
Извор | |
• место | северно од Монте Волтурино |
• надм. вис. | 1567 метри надморска височина |
Устие | Тарантски Залив |
• место | близу Поликоро, |
• координати | 40°13′20″N 16°44′28″E / 40.2223° СГШ; 16.7411° ИГД |
Должина | 136 км |
Големина на сливот | 1,770 км2 |
Проток | |
• просечен | 20 м3/с |
Особености на сливот |
Агри ― река во регионот Базиликата во јужна Италија.[1] Во античко време била познат како Aciris (старогрчки: Ἄκιρις)[2][3] Изворот на реката е на Луканските Апенини северно од Монте Волтурино и западно од Калвело во покраината Потенца.[4] Тоа е во близина на изворот на Басенто. Реката тече јужно близу Патерно пред да сврти југоисточно. Тече во близина на Трамутола, Виџјиано и Грументо Нова пред да се слее во езерото. По излегувањето од езерото, реката тече кон исток во близина на Арменто, Мисанело, Алијано и Сант Арканџело. Десната притока, Раканело, се влева во реката во оваа област. Реката ја обликува границата помеѓу покраината Потенца и покраината Матера. Се влева во мало езеро пред да влезе во покраината Матера. Реката тече на кратко растојание пред да влезе во Лаго ди Ганано. По излегувањето од езерото, реката тече југоисточно во близина на Турси, Монталбано Јонико и Сканзано Јонико пред да се излее во Тарантскиот Залив кај Поликоро.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ The Times Comprehensive Atlas of the World (13. изд.). London: Times Books. 2011. стр. 78 L3. ISBN 9780007419135.
- ↑ Смит, Вилијам, уред. (1854–1857). „Aciris“. Речник на грчката и римската географија. Лондон: John Murray.
- ↑ The Orbis Latinus also cites the name as Aceris, Acina, Acir, Acris, Agrius, and Axepus accessible here Архивирано на 13 септември 2018 г.
- ↑ Hammond World Atlas (6. изд.). Hammond World Atlas Corporation. 2010. стр. 54. ISBN 9780843715606.