Агиа Киријаки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Поглед од јужен Калимнос гледа северозапад. Oстровот Агиа Кириаки (лево), Апано Нисија и Телендос во позадина

Агиа Киријаки (грчки: Αγία Κυριακή Agía Kyriakí ) е мал грчки остров на километар растојание од Астипалаја на Додеканезите.

На островот се наоѓа малата црква Агија (Света) Киријаки. Секој јули, жителите на Лерос одат на малиот остров за да го прослават именденот и денот на светецот. Островот е идеално место за риболов и нуркање.

Капелата Агиа Киријаки[уреди | уреди извор]

Легендата вели дека еден рибар кој често одел на островот за да собира сол, постојано паѓал на парче дрво. Цело време го земал дрвото и го фрлал во морето, но следниот пат кога ќе стасал на островот, дрвото повторно било таму. Третиот пат, го земал дрвото и го погледнал, дознавајќи дека тоа е всушност икона на Света Киријаки. Тој решил да изгради црква на истото место каде што ја нашол иконата.