Автојонизација на водата
Изглед
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |

Автојонизацијата на водата е хемиска реакција во која две водни молекули реагираат, притоа образувајќи хидрониум јон (H3O+) и хидроксиден јон (OH-):
Оваа реакција е исто така позната и како самојонизација или автодисоцијација на водата. Таа е пример за автопротолиза и зависи од амфотерната природа на водата.
Чистата вода не е само едноставна колекција од H2O молекули. Дури и во чистата вода, осетливи прибори можат да детектираат многу мала електрична спроводливост од 0,055 µS. Според теориите на Сванте Арениус, ова е резултат на присуството на јоните.