Автопротолиза

Од Википедија — слободната енциклопедија

Aвтопротолиза е реакција во која се пренесува протон меѓу две исти молекули од кои едната молекула е Бренштедова киселина која го оддава протонот, а другата молекула е Бренштедова база која го прима протонот. Автопротолизатакоја се случува во супстанца која има протогени и протофилни својства изразени во еднаква мера (на пример, во водата) при што во иста реакција супстанцата може да биде и киселина и база. Во помала мера, автопротолитичката реакција е можна и кај други супстанци со приближно еднакви протогени и протофилни својства.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Бојан Шоптрајанов, Хемија за втора година на реформираното гимназиско образование (петто изменето и дополнето издание). Скопје: Просветно дело, 2009, стр. 75-76.