Аврски културен центар


Аврски културен центар (француски: Maison de la culture), познат и како Вулкан (француски: Le Volcan) — културен центар којшто се наоѓа спроти плоштадот Шарл де Гол во Авр.
Проектиран е од Оскар Нимаер и е отворен во 1982 година.[1].
Опис
[уреди | уреди извор]Самата зграда има специфична форма инспирирана од индустриските градби - најчесто, разладните кули на термоцентралите.
Внатрешниот простор е целосно проектиран според потребите на современ ентериер сооодветно на наменета. Целосно е изведена во натур-бетон со пренапрегнато армирано железо. Затворена е од сите страни во еден вид бетониран бункер со широк отвор на горната страна од каде што доаѓа дневната светлина[2].
Стилски одлики
[уреди | уреди извор]Оскар Нимаер е еден од најзначајните архитекти на дваесеттиот век. Ова е едно од поексцентричните и послободни негови дела. Во својот уметнички израз Нимаер во неа потполно го употребува излиениот бетон со кој ја формирал севкупната фасада. Тоа е израз кој ќе биде суштинска визура во модернистичката архитектура со планетрана распространетост. Како еден од главните творци на овој архитектонски израз со смелоста, фантазијата, концизноста, органичноста и синтезата, Нимаер го развива до совршенство меѓународниот архитектонски модернистички стил. Неговиот архитектонски израз не само што ќе изврши големо влијание на генерации светски архитекти, туку и во голема мера ќе придонесе за новата архитектонска визура во светски рамки.[3].
Литература
[уреди | уреди извор]- Danielle Knapp, Promenades avec Oscar Niemeyer, Éditions Petit à Petit, 2015
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „VERS UN NOUVEAU MONDE“. Архивирано од изворникот на 2020-11-29. Посетено на 2020-12-15.
- ↑ Le Havre : le volcan d'Oscar Niemeyer défiguré par une excroissance ?
- ↑ Le point sur les travaux de réhabilitation et de modernisation du grand espace culturel conçu par l'architecte Oscar Niemeyer