Абедин Зимбери

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Абедин Зибери
Abedin Zimberi
ПрекариХоџа
РодUshtria Clirimtare Kombetare.jpg ОНА
Битки/војниВоен конфликт во Македонија, 2001

Абедин Зимбери (албански: Abedin Zimberi; Слупчане, Кумановско, 28 април 1963) е македонски политичар и поранешен член на ОНА.

Завршил на факултетот за физичка култура. [1]. Во текот на конфликтот во Македонија бил командир на полицијата во 113 регионална бригада „Исмет Јашари“ на ОНА како и шеф на единица за разузнавање и контра разузнавање, составена од 30-35 души кој дејствувале во цивилна облека како локално население[2].

Денеска, Зимбери е пратеник на македонското собрание од партијата Нова демократија. Тој е член на:

  • Комисија за локална самоуправа, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Монголија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Србија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Шведска, член

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Собрание на Република Македонија: АБЕДИН ЗУМБЕРИ“ (македонски). конс. 2011-02-18. 
  2. „Абедин Зибери“ (Македонски). конс. 18 февруари 2011.