Абаџиски занает

Од Википедија — слободната енциклопедија

Абаџиство (турски: abacilik) – занает за произвотство на аба, дебела волнена ткаенина од која се изработува главно машка облека. Во Македонија било особено развиено кон крајот на XVIII и во полетокот на ХIХ век како една од најзначајните дејности во македонското занаетчиство. Неговиот развиток бил тесно поврзан со развитокот на сточарството, а посебен замав зело по воведувањето на редовната турска армија (1826), бидејки воените униформи биле изработувани од аба.[1] Абаџија – занаетчија што шие алишта од аба. [2]

Историја[уреди | уреди извор]

Македонската аба била извозувана и на пазарите во другите балкански земји, а преку Цариград и во Мала Азија (посебно во Анадолија), па и во Африка (Александрија) и Индија. Во третата и четвртата деценија на XIX век се појавиле и првите мануфактурни работилници за аба. Меѓутоа, во последните децении на векот со конкурентската појава на шајаците и сукната од западните земји и запоставувањето на народната за сметка на европската модерна облека, започнало нагло опаѓање на абаџиството. Такви занаетџии веќе нема. Абаџиската традиција е задржана во презимињата на некои семејства.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Македонска Енциклопедија - I издание (стр. 2)“ (PDF).
  2. „Дигитален речник на Македонскиот Јазик – Абаџија“.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]