Џон Бул

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Портрет на Џон Бул.

Џон Бул (англиски: John Bull; 1562 или 1563 – 12 март 1628[1]) — англиски композитор, музичар и изработувач на оргули. Тој бил познат изведувач на дела на клавијатура од виргиналистичката школа и поголемиот дел од неговите композиции се напишани за да бидат изведувани на клавијатура.

Биографија[уреди | уреди извор]

Не се знае многу за раното детство на Бул. Во натпис објавен во 1952 година, Торстон Дарт претпоставил дека семејството на Бул потекнува од Сомерсет, каде е можно и да бил роден самиот композитор. Скорешните истражувања од страна на Сузи Џинс укажуваат дека Бул е роден во Радонорширската парохија во Стар Раднор во диоцезата на Херефорд иако досега не се пронајдени никакви записи од неговот раѓање. Назначувањето на Бул како органист во Херефордската катедрала во 1582 година дава потврда за тезата дека неговото место на раѓање е Херефорд бидејќи по школувањето во лондон било традиција да се вратат назад во својата диоцеза.

Образование[уреди | уреди извор]

Во 1573 година се придружил на хорот во Херефорската катедрала и следната година се придружил на децата од Кралската капела во Лондон, каде се образовал заедно со Џон Блитман и Вилијам Хунис, и дополнително покрај пеењето научил како да свири на оргули. Откако бил назначен да работи за Мерчант Тејлоровата компанија во 1577–78 година, Бул првпат бил ангажиран како оргулист во Херефордската Катедрала во 1582 година, и бил прогласен за хорски учител на децата кои биле присутни во катедралата.

Во 1586 година се стекнал со диплома од Оксфорд и постанал Господин на Кралската капела во истата година. Во 1591 година, по смртта на Џон Блитман, тој постанал оргулист во Кралската капела, а во 1592 година тој го стекнал својот докторат од Оксфорд и во 1596 година тој станал првиот професор по музика во колеџот „Грешхам“ по препорака на кралицата Елизабета, која многу му се восхитувала. Постојат и докази дека таа го праќала бул на шпионским мисии во Брисел. По смртта на кралицата Елизабета тој влегол во служба на кралот Џејмс и се стекнува со репутација на вешт композитор изведувач на клавијатура и врвен изведувач.

Бегство[уреди | уреди извор]

Неколку дена по објавувањето на седум клавијатурни дела Партенија, Бул ја напушта Англија за секогаш и со голема брзина во октомври 1613 година, бегајќи од гневот на Џорџ Абот Кантербурскиот архиепископ и оној на кралот Џејмс. Ова се должело на фактот што против него било подигнато обвинение за прељуба. Вилијам Трумбул англискиот пратеник во Низоземјето првично се обидел да му обезбеди скровиште но подоцна плашејќи се за својата титула му пишал на кралот на почетокот на 1614 година. Бул останал во Фландрија каде ги избегнал неволјите. Во 1615 година Антверпската катедрала го назначила за помошник оргулист, а во 1617 година за главен оргулист. Бул напипшал низа на писма додека бил во Фландрија вклучувајќи и едно до градоначалникот на Антверп во кое тврдел дека причината поради која избегал од Англија е за да го избегне верското прогонување.

Смрт[уреди | уреди извор]

Во 1620-ите тој продолжил со својата кариера како оргулист, советник и изведувач на оргули. Тој починал во Антверп на 15 март 1628 година и е погребан во гробиштата во близина на катедралата.

Дела[уреди | уреди извор]

Бул беше еден од најпознатите композитори на музиката на почетокот на 17 век, надминат само од Jan Pieterszoon Sweelinck во Холандија, Џироламо Фрескобалди во Италија, а некои би рекле, од страна на неговиот сонародник и старец, славен Вилијам Бирд. Тој напушти многу композиции , од кои некои беа собрани во книгата Фицвилијам Вирџинал (Fitzwilliam Virginal).

Неговото прво објавување, во 1612 или 1613, е придонес на седум парчиња кои се дел од колекцијата на музиката.

Таа била посветена на 15- годишната принцеза Елизабета, која му била ученичка, по повод свршувачката со Фредерик V.

Во прилог на композициите , тој напишал стих химни, каноните и други дела.

Еден од повеќето невообичаени збирки музика од тој период е неговата книга од 120 канони, неверојатен приказ на контрапунктна вештина достоен за Окегем или Ј.С. Бах. Некои дела од неговата музика : ‘’Добра ноќ Бул“ , "Кралот на лов“ и други дела .

Наводи[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Susi Jeans, "John Bull". The New Grove Dictionary of Music and Musicians, ed. Stanley Sadie. 20 vols. London: Macmillan Publishers Ltd., 1980.
  • The Concise Edition of Baker's Biographical Dictionary of Musicians, 8th ed. Revised by Nicolas Slonimsky. New York: Schirmer Books, 1993.
  • Gustave Reese, Music in the Renaissance. New York: W.W. Norton & Co., 1954.
  • Manfred Bukofzer, Music in the Baroque Era. New York, W.W. Norton & Co., 1947.
  • Leigh Henry, Dr John Bull: 1562–1628. [London]: Herbert Joseph Ltd, in association with the Globe-Mermaid Association, 1937. Reprinted, Da Capo Press Music Reprint Series. New York: Da Capo Press, 1968.
  • Walker Cunningham, The Keyboard Music of John Bull. Studies in Musicology 71. Ann Arbor: UMI Research Press, 1984.
  • John Bull: Keyboard Music. Edited by John Steele & Francis Cameron, with additional material by Thurston Dart. Stainer & Bell, London 1967. 2 vols.
  • Susi Jeans and Oliver W. Neighbour, "Bull [Boul, Bul, Bol], John [Jan] [Bouville, Bonville, Jean]". The New Grove Dictionary of Music and Musicians, second edition, edited by Stanley Sadie and John Tyrrell. 29 vols. London: Macmillan Publishers, 2001.