Џејљане Сакири

Од Википедија — слободната енциклопедија

Џејљане Сакири (р. 12 септември 1988) — македонска фудбалерка која игра на позицијата дефанзивец. Била членка на женската репрезентација на Македонија.

Меѓународна кариера[уреди | уреди извор]

Сакири играла за Македонија на сениорско ниво за време на квалификациите за Светското првенство на ФИФА за жени во 2011 година - Група 2 на УЕФА, во поразот со 1–13 на гости од Холандија на 29 октомври 2009 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Women's World Cup 2011 - Netherlands-FYROM“. UEFA. Архивирано од изворникот на 1 December 2019. Посетено на 17 May 2020.