Џенерис (група)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џенерис (Generiss)
ПотеклоСкопје, Македонија
Жанровихард-кор панк рок
Период на активност2008–2016
ИздавачиSixtynine Records
Поранешни членови
Неврус Бајрам
Михаил Симјановски
Михаил Андев
Дарко Фотиновски
Бранко Аврамовски
Горан Ристевски
Димитрија Арангеловски
Станислав Јаниќ

Џенерис — македонска хард-кор панк рок музичка група од Скопје, активна од 2008 до 2016 година.

Почетоци[уреди | уреди извор]

Основите на бендот ги поставиле Станислав Јаниќ (гитара), Неврус Бајрам (гитара) и Михаил Симјановски (тапани). Уште на самиот почетокот, на составот се приклучиле Михаил Андев (вокал) и Димитрија Арангеловски (бас).[1]

Активност[уреди | уреди извор]

На почетокот на 2010 година, членовите на бендот ги направиле првите 5 демо снимки, кои биле понудени за слободно преземање. Снимањето било во студиото „Кај Трајче“ во продукција на Дарко Поповски-Блуз. Петте теми биле отпеани на македонски јазик. Кратко по снимањето, од бендот си заминал Станислав, а на негово место дошол Дарко Фотиновски, кој го презел свирењето на бас-гитара, а Неврус се вратил на соло-гитара.

Џенерис настапиле на финалната вечер на Рок фест, на 24 април 2010 година, а потоа и на концерти низ Македонија (Скопје, Куманово, Битола и Тетово). На 3 март 2012 година групата настапила како гостин во фоајето на МКЦ, на промоцијата на албумот Зелен, Сончев Ден, а на 9 мај 2012 биле дел од прославата на „Денот на Европа“, на популарната Школка во Градски парк.

Непосредно по издавањето на албумот, на бендот како втор гитарист се придружил Бранко Аврамовски. Единственото излегување надвор од Македонија, бендот го реализирал во склоп на мини турнејата од 3 концерти што од 4 до 6 декември 2015 година ја имале заедно со „Dok7“ од Србија и „Bright Size“ од Грција, а во чии рамки се одржал концерт и во Софија (Бугарија).

Непосредно пред заминувањето на турнејата во 2015 година, Џенерис го објавиле и својот прв официјален видеозапис, за песната Unite, што требало да претставува и најава за снимање на втор албум.

Дискографија[уреди | уреди извор]

On the Brink Of Destruction (2013)[уреди | уреди извор]

Албумот го објавилa скопската издавачката куќа „Sixtynine Records“. Снимањето на материјалот за деби-албум започнало во септември 2012 година, во студиото на Дени Крстев, а во продукција на Ненад Трифуновски-Трипе. Биле снимени 11 теми, половина отпеани на англиски, и подобрите на македонски јазик. Како вокал гостин, на Борбата започнува се појавил Дени Крстев. Снимените материјали првпат биле промовирани во МКЦ, на првото издание на фестивалот на независна музика „Земјотрес“ одржан на 29 декември 2012 година.

Список на песни

1. On the brink of destruction
2. One of them
3. Борбата започнува
4. Lost within
5. Мал и сам
6. Замислен пријател
7. Oil policy
8. Економска криза
9. Hatred
10. Кампања
11. Последната желба

Албуми[уреди | уреди извор]

Наслов Носач на звук Издавачка куќа Година
On The Brink Of Destruction CD 69 Records 2013

Компилации[уреди | уреди извор]

Наслов Носач на звук Издавачка куќа Година
V.A. - Dangerous Melodies From Macedonia Vol.1 / Oil policy CD 69 Records 2013

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Филиповски, Тошо (2018 година). Македонска рок енциклопедија (1963 - 2018). Скопје: Корпус Деликти Рекордс, Тошо Филиповски. стр. 91. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]