Џамахирија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Табла од амбасадата на Либија во Прага.

Џамахирија (арапски: جماهيرية, транслитерација jamāhīriyya) е арапски термин кој означува „држава на масите“, односно термин кој го вовел Моамер ал Гадафи за да ја именува новата либиска социјалистичка џамахирија и значи држава која е владеена од народот. Терминот може да се спореди со терминот „народна република“.

Денес, само една држава го користи овој термин - Либија и Гадафи е именуван како „каид“ или во превод водач. Иако официјално Гадафи нема позиција во државата, тој ја има титулата „водач на големата револуција од први сепетмври на Социјалистичката Народна Либиска Арапска Џамахирија“ или „братски лидер и водач на револуцијата“.[1]

Етимологија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Џумхурија.

Зборот „џамахирија“ е термин кој потекнува од зборот „џумхурија“, арапски збор за република. Зборот е настанат со менување на компонентите jumhūr — "јавност" — во множинска форма, jamāhīr — "маси".

Често на сите јазици во светот името на државата Голема Социјалистичка Народна Либиска Арапска Џамахирија се преведува само како Либија, поради комплицираноста и невообичаеното име.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. US Department of State's Background Notes, (Nov. 2005) "Libya - History", U.S. Dept. of State, Accessed July 14, 2006

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]