Јонкома

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пример за јонкома

Јонкома (јапонски: 4コマ漫画) или 4-кома — формат за издавање манги од 4 кадри. Обично се користи во комични сцени. Се наоѓа во речиси сите јапонски манга-изданија, вклучувајќи манга-списанија, графички романи, манга-делови од весници, списанија за игри, списанија за готвење итн. Заплетот обично завршува во четвртиот кадар, но понекогаш може да продолжи и во идни изданија. Некои јонкоми се занимаваат со сериозни теми, но повеќето се комични.[1]

Потекло[уреди | уреди извор]

Првата манга во стил јонкома ја нацртал Ракутен Китазава во 1902 г., наречена „Тагосаку и Мокубе го истражуваат Токио“. Се верува дека создавањето на јонкомите било под влијание на стриповите на Франк Артур Нанкивел.[2]

Структура[уреди | уреди извор]

Традиционалната структура на јонкома е кишотенкецу.[2] Овој збор е составен од четири јапонски знаци:

  • ки (јап. ): Првиот кадар ја поставува сцената на приказната.
  • шо (јап. ): Вториот кадар го продолжува дејството започнато во првиот.
  • тен (јап. ): Третиот кадар обично го означува врвот на заплетот.
  • кецу (јап. ): Четвртиот кадар го завршува заплетот.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Thompson J. Manga: The Complete Guide. — New York: Del Rey Books, 2007. — P. 497. — 556 стр. — ISBN 978-0-345-48590-8.
  2. 2,0 2,1 Carolin Fischer, 'Mangaka', Unknown date of publication, 2009-10-29

Надворешни врски[уреди | уреди извор]