Јомсвикинзи

Од Википедија — слободната енциклопедија
По Битката кај Фирисвелир, од Мортен Ескил Винге (1888).

Јомсвикинзи — полулегендарни викиншки платеници што се бореле за различни викиншки поглавари во X и XI век. Тие биле ревносни пагани, но како професионалци знаеле да се борат и за христијанските владетели. Нивното седиште било тврдината Јомсборг, која се наоѓала некаде на јужниот брег на Балтичкото Море. Нордиските саги опишуваат како некој може да влезе во јомсвикиншките редови само по строга проверка за да се утврди дали кандидатот е доволно смел или физички подготвен; кандидатот што ќе помине ќе се заколне дека другите Јомсвикинзи ќе ги смета за свои браќа; сиот плен од воените походи бил подеднакво поделен; Јомсвикинзите биле подложени на строга дисциплина и им било забрането да земаат жени или деца како затвореници, односно да ги носат во Јомсборг. Тие престанале да постојат кога норвешкиот крал Магнус Добриот го уништил Јомсборг во 1043 г.[1][2]

Јомсвикинзите првпат се споменуваат под ова име во нордиските саги од XII и XIII век. Голем број историчари ги сметаат за производ на измислица, но понекогаш потврда за нивното постоење се наоѓа во текстовите на рунските камења.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 N. F. Blake (1962). „The Sagas of the Jomsvikings“ (PDF). Thomas Nelson and Sons. Ltd. Посетено на October 22, 2015.
  2. „Who were the Jomsvikings, the Viking mercenaries that helped shape the“. TheWarriorLodge (англиски). Посетено на 2024-03-16.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]