Прејди на содржината

Јован Шумковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јован Шумковски
Роден 18 јануари 1962(1962-01-18)(62 г.)
Скопје, СФРЈ СФР Југославија
Националност Македонец
Занимање сликар

Јован Шумковски (18 јануари 1962 во Скопје) — македонски сликар и универзитетски професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.[1]

Шумковски е значаен за промените во македонската уметност во постмодернизмот.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Дипломирал во 1986 година, а магистрирал во 1999 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.

Самостојно излагал во Скопје, Белград, Брисел, Њујорк и Стокхолм.

Учествувал на биеналето во Саун Пауло во 1994 година и во Венеција во 2001 година.

Во сликите, објектите и инсталациите го практикува методот на деконструкција на моделите и на значењата на јазикот на модерната уметност.

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Шумка“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1666. Text "series " ignored (help)