Јоана Димитриу

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Димитриу во 2003

Јоана Димитриу (романски: Ioana Dumitriu; р. 6 јули 1976) е романско-американска математичарка, која работи како професор по математика на Универзитетот во Вашингтон.[1] Нејзините истражувачки интереси ги вклучуваат теоријата на случајни матрици, нумеричките анализи, научното користење на компјутерите и теоријата на игри.

Живот[уреди | уреди извор]

Димитриу е ќерка на двајца романски професори по електротехника од Букурешт. На почетокот на нејзиниот живот таа покажувала знаци дека има математички талент, а на 11 години победила на националниот натпревар по математика. Се вклучила во кампови за обука по математика, за подготвување за учество на романскиот тим на Меѓународната Математичка Олимпијада, иако нејзиното највисоко ниво на учество на олимпијадие бил националниот полуфинален натпревар.[2]

Како 19-годишен бруцош на Универзитетот во Њујорк, Димитриу веќе посетувала часови по математика за дипломанти.[3] Дипломирала со највисока чест од Универизтетот во Њујорк во 1999 година со Б.А. по математика и мало познавање по компјутерски науки.[1] Докторирала во 2003 година на Институтот за технологија во Масачусетс, под надзор на Алан Еделман, со тезата за статистички специјален сет од скалари придружени со линеарен систем од равенки за бета групи на примероци.[4][5] По пост-докторското истражување како истражувачки соработник на Милер на Универзитетот во Калифорнија, Беркли, се приклучила кон факултетот на Универзитетот во Вашингтон во 2006 година.[1]

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

Димитриу ја добила наградата Алис Т. Шафер за извонредност по математика, како недипломирана жена во 1996 година,[3] како и наградата Лесли Фокс за Нумерички Анализи во 2007 година[6] (доделена на млад истражувач на нумерички анализи, кој се истакнува и со математички и со презентациски вештини). Во 2009 година ја добила наградата КАРИЕРА од Националната Фондација за Наука.[7] Во 2012 година, таа станала една од инаугуративните соработници на Американското математичко друштво.[8]

Прва жена соработник на Патнам[уреди | уреди извор]

Во 1996 година, како средношколец (или втора година на универзитет) на Универзитетот во Њујорк, Димитриу станала првата жена што станала соработник на Патнам, што значи дека таа освоила една од првите пет резултати на математичкиот натпревар Вилијам Лоуел Патнам. Во 1995, 1996 и 1997 година ја освоила наградата Елизабет Ловел Путман, која се доделува на врвната жена на натпреварот, што е рекорд што не бил изедначен дури десет години подоцна, кога Алисон Милер ја освоила истата награда во три последователни години.[9]

Наводи[уреди | уреди извор]

Одбрани публикации[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]