Јерко Латинин и Галовран Луко

Од Википедија — слободната енциклопедија

Јерко Латинин и Галовран Луко (српски: Раде од Сокола и Ашин-бег) - српска епска (ајдучка) песна.

Содржина[уреди | уреди извор]

Јерко Латинин му пишува писмо на својот побратим Галовран Луко од кого бара да собере јунаци и да ги донесе во Приморје, со цел да ја ограбат земјата Талија. Луко собира 60 јунаци и оди кај Јерко, кој убаво ги дочекува и им дава оружје. Потоа, тој ги качува на брод и ги опива така што сите заспиваат. На сред море, јунаците се будат и сакаат да скокнат во водата, а Јерко почнува да им пее дека тие се родени за да погинат. Од песната, јунаците стануваат уште потажни и Луко го убива Јерко, а потоа им пее песна дека ќе се вратат дома живи и со голем плен. Така, тие го минуваат морето и ја ограбуваат Талија, а на патот за дома, 30 јунаци се разболуваат и умираат. По пристигнувањето дома, Луко им прави чест на сите погинати јунаци.[1]

Осврт кон песната[уреди | уреди извор]

Во песната, името Латинин означува католик, а Галовран означува гавран. Бидејќи низ историјата постоеле повеќе ајдуци со прекар Гавран, не е познато на кого точно се однесува оваа песна.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 82-84.
  2. Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 150.