Јела (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Јела
Yella“
РежисерКристијан Пецолд
СценаристКристијан Пецолд
Премиера13 септември 2007
Времетраење89 минути
ДржаваГерманија
ЈазикГермански јазик

Јела (германски: Yella) — германски филм од 2007 година во режија на Кристијан Пецолд[1].

Синопсис[уреди | уреди извор]

Јела одлучува да го напушти малото градче во Источна Германија за една работа во Западна Германија, која многу ветува. Зад себе остава распаднат брак и разрушени соништа. Во Хановер го запознава Филип кој работи за една компанија која работи со приватен капитал. Јeла се докажува како негова секретарка во светот на ризичниот капитал. Сè се чини многу едноставно, игра на добитници. Филип е нејзиниот човек, внимателен, несентиментален, со цел пред себе, што може да стане нејзина иднина. Се чини дека Јела е на вистинкото место. Па сепак, во нејзиниот нов живот нешто постојано избувнува, се провлекуваат чудни гласови од сегашноста и шумови од минатото. Таа се плаши дека овој живот не е вистински, дека сонува. Сака да ги држи очите постојано отворени, да не се разбуди од сонот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Buß, Christian. „Filmdrama "Yella": Zombies beim Zocken“, „Der Spiegel“, 12 септември 2007 (посет. 10 февруари 2014 г). (на German)