Јасмина Аврамовиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Јасмина Аврамовиќ Ранковиќ (Ваљево,28 октомври 1960) е српска филмска, телевизиска и театарска глумица.

Животопис[уреди | уреди извор]

Јасмина завршила гимназија во Ваљево, а глума дипломирала на Факултет на драмски уметности во Белград 1985 година, во класа на професор Арсеније Јовановиќ. За време на студиите била стипендист, а после дипломирање и постојан член на Југословенски драмски театар. Живее во Ваљево, омажена е и има син.[1]

Театар[уреди | уреди извор]

  • Нижински
  • Бура
  • Театар Шопаловиќ
  • Богојавленска ноќ
  • Кучешки валцер (премиера: 6 јуни 2004 Југословенски драмски театар)
  • Скакулци (премиера: 26 април 2005 Југословенски драмски театар)
  • Барбело, околу кучиња и деца (премијера: 4 декември 2007 Југословенски драмски театар)
  • Поглед на Ејмин (премиера: Атеље 212)
  • Во мочуриште (премиера: 10 мај 2009 Југословенски драмски театар)
  • Госпоѓица (премиера: 26 април 2013)

Награди[уреди | уреди извор]

Добитник е на многу годишни награди на Југословенски драмски теастар, исто така и на годишни награди на Секретаријатот за култура во Белград. Прогласена е за „Личност на Ваљево“ во 1998 година, и исто така е добитник на наградата Миливоје Живановиќ.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Јасмина Аврамовиќ - биографија („Ко је ко у Ваљеву")“. kolubara.info. Посетено на 13 август 2013.