Јамна култура

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карактеристочно погребување за Јамната култура

Јамната култура, исто така позната како култура на окерниот гроб, е археолошка култура од доцниот енеолит до раната бронзена доба во регионот помеѓу реките Јужен Буг, Дњестар, и Урал (Понтско-касписката Степа), во периодот од 3300–2600 п.н.е.[1] Била откриена од Василиј Городцов по извршените ископувања близу реката Доњец во 1901–1903. Името на оваа култура доаѓа од карактеристичната погребна традиција: јамна (Я́мная) се однесува на јамите кои овие луѓе ги копале во тумули (кургани) и во кои ги погребувале мртвите, во карактеристична положба на грб со свиткани колена. Телата биле покривани со окер. Во нивните гробници се пронајдени и остатоци од крави, коњи и свињи, како и делови од стари запреги.

Економијата на Јамната култура се засновала на сточарство, риболов, и потрага по храна, како и производство на керамика, алатки и оружје.[2] Луѓето од културата Јамна живееле примарно како номади, со систем на поглаварство и користеле коли и запреги што им овозможило да одгледуваат големи стада.[3]

Денес скоро постои консензус дека заедничкиот предок на сите индоевропски јазици, со можен исклучок на анадолските јазици, потекнуваат од Понтско-касписката степа, и овој јазик се поврзува со луѓето од јамната култура.[4] Дополнително, Понтско-касписката степа во моментов се смета за најверојатен кандидат за правобитната татковина (германски, Urheimat) на праиндоевропскиот јазик, вклучувајќи ја и анадолската гранка на јазици.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Morgunova & Khokhlova 2013.
  2. Shishlina, Natalia I. (2023-05-11), Kristiansen, Kristian; Kroonen, Guus; Willerslev, Eske (уред.), „Yamnaya Pastoralists in the Eurasian Desert Steppe Zone: New Perspectives on Mobility“, The Indo-European Puzzle Revisited (1. изд.), Cambridge University Press, стр. 34–41, doi:10.1017/9781009261753.006, ISBN 978-1-00-926175-3, Посетено на 2023-05-23
  3. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име AnthonyNomadic Pastoralism2023.
  4. Olsen, Birgit A. (11 May 2023), Kristiansen, Kristian; Kroonen, Guus; Willerslev, Eske (уред.), „Marriage Strategies and Fosterage among the Indo-Europeans: A Linguistic Perspective“, The Indo-European Puzzle Revisited (1. изд.), Cambridge University Press, стр. 296–302, doi:10.1017/9781009261753.027, ISBN 978-1-00-926175-3, Посетено на 13 May 2023