Јаже (расказ на Мопасан)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Јаже“расказ на францускиот писател Ги де Мопасан. Авторот му го посветил расказот на Хари Алис.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Во местото Годервил е пазарен ден и, заедно со многубројните селани, пристигнува и газдата Ошкорн. На патот, тој наоѓа парче јаже и го зема, но го здогледува неговиот непријател Маланден. По завршувањето на пазарот, во меаната доаѓа жандармот кој го одведува Ошкорн кај претседателот на општината. Таму, тој е обвинет за кражбата на паричникот на некој богат селанец, а како сведок се појавува Маланден. Ошкорн го негира делото и набргу е ослободен. Тој им ја раскажува случката на насобраните селани, тврдејќи дека е невин, но никој не му верува. Утредента, пронаоѓачот му го враќа паричникот на сопственикот, а Ошкорн продолжува да им се правда на луѓето. Меѓутоа, колку повеќе се правда, толку повеќе луѓето се убедени дека тој е крадецот. Најпосле, од мака, тој се разболува и умира.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Кишобран“ во: Гиј де Мопасан, Изабране новеле (друга књига). Култура, Београд, 1950, стр. 188.
  2. „Узица“ во: Гиј де Мопасан, Изабране новеле (друга књига). Култура, Београд, 1950, стр. 188-197.