Ѕидовите на Лима

Од Википедија — слободната енциклопедија
Остатоци во ѕидовите.
Планот на ѕидовите од 1750
Мурала, Каско Антиго де Лима

Ѕидовите на Лима (шпански: Murallas de Lima) е поим со кој се именува тврдината и нејзините ѕидови и бастиони околу средновековна Лима. Ѕидовите биле изградени во периодот од 1684 a 1687, за време на владеењето на вицекралот Мелчор де Навара и Рокафул.

Ѕидовите се наоѓаат на денесшните улици Авенија Алфонсо Угарте, Пасео Колон и Авенија Грау, како и левиот брег на реката Римак. Под раководство на Луис Кастанеда Лосио, биле откриени делови од ѕидот покрај реката, кои дене се познати како „Паркот на ѕидовите“. Сепак се верува и дека овие ѕидови се од постар објект, односно ѕид, познат како Тахамар де Сан Франциско. Бастионот Санта Лусија и денес постои и се наоѓа во населбата Бариос Алтос.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Карта на „Градот на кралевите“ во 1744.

Старите ѕидини на градот биле изградени за да го заштитат целиот град од пирати и други непријатели на Шпанија во 17 век. Ѕидовите имале 10 влезни и излезни порти: Мартинете, Маравилјас, Барбонес, Кочаркас, Санта Каталина, Гвадалупе, Хуан Симон, Сан Хасинто, Калјао, Монсерате и Гуија ен ел Барио де Сан Лазаро.

Како дел од урбанистичките проекции и програми за изградба на нови авении, ѕидовите биле разрушени во 1868 година по наредба на владата на Хосе Балта. Ѕидовите всушност никогаш не успеале да ја извршат улогата за која биле изградени.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Hanke, Lewis (1980). Los virreyes españoles durante la casa de Austria. Volume VII. Madrid: Ediciones Atlas.
  • Basadre, Jorge (1983). Historia de la República del Perú. Volume V (7. изд.). Lima: Editorial Universitaria.