Балконите во Лима

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Фасадата на Палатата на Торе Тагле со тремови и камени сводови и колонијални богато изрезбани дрвени балкони.
Балконите на куќата Осамбела.
Колонијални деловни згради со дрвени балкони.

Балконите во Лима (шпански: Balcones de Lima) се забележливи архитектонски градби во Лима, остатоци од колонијалниот период на градот. Балконите се предмет на културното наследство на Перу и истите се изградени додека постоело Вицекралството Перу, а потоа продолжиле да се градат и на почетокот на независноста на Перу. Повеќето балкони се изградени во 17 и 18 век и истите се наоѓаат во исторскиот центар на Лима. Тие биле адаптирани за резиденцијални потреби и истите влијаеле врз голем број перуански научници и истакнати личности, како што е на пример писателот Рикардо Палма. Овие балкони се клучните за прогласување на историскиот центар на Лима како Светско културно наследство на УНЕСКО.[1]

Колонијална архитектура[уреди | уреди извор]

Колонијалната архитектура на Вицекралството Перу се развила во периодот од 16 до 19 век, кога Јужна Америка бил освоена од Шпанската Империја.[2] Балковите во Лима биле изградени во ренесансен, барок, необарок и неокласичен стил, со забележливи влијанија од средоземната, блискоисточната, анадалузиската и карипската архитектура.

Ренесансните и барок елементи се споиле поради европското влијание.[3] Поради француското влијание во 18 век се појавиле и рококо елементи. Оваа мешавина довела до разнолика и разиграна тема на архитектонска декорација. Француското влијание е најзабележливо кај Куќата на Гојенече, изградена во 1863 година. Арапското влијание е исто така забележливо. Дрвените балкови се наследени од мурската традиција

Изградба[уреди | уреди извор]

Главната карактеристика на балковите се режетките и балустерите. Дрвените балкони кои се на горните нивоа им давале приватност на жителите и циркулација на воздух, особено важна карактеристика за куќите во топлите региони. Неокруглите балкови биле донесени во Шпанија во 18 век. Балконите од 15 до 17 век имале отвореност, а балконите по 18 век биле затворени. Плочки и мозаици исто така се користеле за изградба на балконите.

Социјална функција[уреди | уреди извор]

Во 18 век, вицекралевите би стоеле на балконите и би испраќале пораки и говори до народот. За религиски цели, свештениците можеле да ги набљудуваат масите без да бидат видени.[2]

Балконите често ги спојувале внатрешниот и надворешни простор. Тие често се нарекувале како „улици на небото“ поради нивната големина.[4] Историчарот Чарлс В. Вокер ги интерпретирал балконите како манифестација на моќ и доминација.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Centre, UNESCO World Heritage. „Historic Centre of Lima“. whc.unesco.org. конс. 2017-04-23. 
  2. 2,0 2,1 Kelly, Donnahue-Wallace (2008). Art and Architecture of Viceregal Latin America, 1521-1821. University of New Mexico Press. ISBN 978-0826334596. 
  3. 3,0 3,1 Walker, Charles (2003 г). The Upper Classes and Their Upper Stories: Architecture and the Aftermath of the Lima Earthquake of 1746. „Hispanic American Historical Review“ том  83.1: 53–82. 
  4. Smith, Sabine; Bley, Miriam (2012 г). Streets in the Sky: The Balconies of Lima and the Road to Intercultural Competence. „Journal of Global Initiatives: Policy, Pedagogy, Perspective“ том  7 (2 Pervuvian Trajectories of Sociocultural Transformation). http://digitalcommons.kennesaw.edu/jgi/vol7/iss2/11/. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]