Ѓурѓа Клингова
| Ѓурѓа Клингова | ||
| Родена | 1879 година Черниче, Солунски Вилает, Османлиско Царство | |
|---|---|---|
| Починала | 1962 година | |
| Народност | Македонка | |
| Деца | Христо Клингов и уште 4 деца. | |
Ѓурѓа Клингова - Баба Ѓоша ( 1879 во Черниче — 1962 ) — македонски активист. Жртва на комунистичкиот режим во НР Бугарија.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Таа многупати во минатото ја пречекувала четата на Јане Сандански. Родила и одгледала пет деца. Еден од нив бил Христо Клингов. На нејзини 69 години станала јатак на Петар Грков - Пецето. На почетокот на блокадата, Пецето останал сам и некако успеал да дојде до селото Ракитна, високо над селото Брежани и побарал прибежиште кај баба Ѓоша, која најљубезно го примила и го криела. Биле многу вознемирени од можноста дека полицајците на Антон Југов би можеле да ги пронајдат, па таа спремила скривалиште на место кое не било воопшто сомнително. За да можел Грков слободно да се движи до скривалиштето, Ѓоша го облекла во нејзини алишта, му врзала црна шамија на главата и му дала бастум за да се потпира на него. До самото самоубиство на Грков, баба Ѓоша непрекинато се грижела за него.[1]