Градинарски каранфил
Градинарски каранфил | |
---|---|
Црвен градинарски каранфил | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Ред: | Каранфиловидни |
Семејство: | Каранфили |
Род: | Каранфил |
Вид: | Градинарски каранфил |
Научен назив | |
Dianthus caryophyllus L. |
Градинарски каранфил или само каранфил (науч. Dianthus caryophyllus) — вид на цветно растение од родот каранфил (Dianthus). Веројатно потекнува од Средоземјето, но не постојат поточни сознанија бидејќи се одлегува на многу места веќе 2.000 години.[1][2][3][4]
Ова е зелјесто повеќегодишно растение што достигнува 80 см во височина. Листовите му се сивозелени до синозелени, тенки и долги до 15 см. Цветовите никнуваат единечно или до пет во соцветие. Имаат пречник од 3–5 см и пријатен мирис. Изворната боја на цветовите е светла розововиолетова, но денес постојат разни сорти во многу бои како црвена, бела жолта и зелена.[4][5] Постојат и варијанти без мирис, кои се користат како украс за закачување на машки палта.
Одгледување
[уреди | уреди извор]Цвеќето бара добро исцедена и неутрална до помалку алкална почва и целосна изложеност на сонце. Постојат голем број на сорти во градинарството сорти.[4]
Најголем произведувач на каранфили во светот е Колумбија.
Симболика
[уреди | уреди извор]Каранфилот начелно симболизира љубов, восхит и особеност, но постојат и други значења, во зависност од бојата.
- Заедно со црвената роза, црвениот каранфил социјализмот и работничкото движење. Се носи на паради и демонстрации на Меѓународниот ден на трудот (1 мај), како и во спомен на паднатите борци во НОВ.
- Во Португалија, светлоцрвениот каранфил го претставува воениот удар за слобода против фашистичкиот режим во 1974 г., наречен „Каранфилска револуција“.
- Розовиот каранфил има најдолга историја на симболизам. Според едно христијанско предание, каранфилите се појавиле на светот кога Богородица го оплакувала Исус додека го носи крстот и израснале на местата кајшто паѓале нејзините солзи. Оттука, каранфилот е симбол за мајчинската љубов за своето чедо.[6][7]
- Студентите на Оксфордскиот универзитет носат каранфили на сите испити: бел на првиот, црвен на последниот и розов на сите измеѓу.
- Каранфилот е државно цвеќе на Охајо во САД.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Каранфилче — несродно растение што се користи како мирудија
- Каранфилска револуција
- Ендемски каранфили на Македонија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Med-Checklist: Dianthus caryophyllus
- ↑ Flora Europaea: Dianthus caryophyllus
- ↑ Blamey, M. & Grey-Wilson, C. (1989). Flora of Britain and Northern Europe. ISBN 0-340-40170-2
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Huxley, A., ed. (1992). New RHS Dictionary of Gardening. Macmillan ISBN 0-333-47494-5.
- ↑ Flora of NW Europe: Dianthus caryophyllus Архивирано на 8 декември 2007 г.
- ↑ Anthony S. Mercatante (1976), The magic garden: the myth and folklore of flowers, plants, trees, and herbs, Harper & Row, стр. 9, ISBN 0-06-065562-3
- ↑ „The legend of the carnation“, Library notes, Alabama Public Library Service, 1965, стр. 6
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Градинарски каранфил“ на Ризницата ? |
- Градинарски каранфил на Викивидовите ?
- „Градинарски каранфил“ — Енциклопедија на живиот свет
- Огледување на каранфил Архивирано на 13 септември 2014 г. — „Холма“ (македонски)
- Страница за каранфилот — портал „Сè за домот“ (македонски)
|