Каранфили
| Каранфили | |
|---|---|
| Silene latifolia (Silenoideae) |
|
| Научна класификација | |
| Царство: | Растенија |
| Оддел: | Скриеносеменици |
| Класа: | Дикотиледони |
| Нерангирано: | Јадрени евдикоти |
| Ред: | Каранфиловидни |
| Фамилија: | Каранфили Juss. |
| Родови | |
|
многу, во текстот |
|
Каранфилите (науч. Caryophyllaceae) е фамилија на цветни растенија што опфаќа дикотиледони, дел од редот Caryophyllales. Ова е голема фамилија, со 88 родови и околу 2.000 видови.
Особености [уреди]
Сите кариофилиди (освен оваа фамилија и фамилијата Molluginaceae) произведуваат црвенкасти беталаински пигменти. Каранфилоцветните произведуваат антоцијанин како свој црвенкаст пигмент. Вистински венечни ливчиња отсуствуваат. Надворешниот круг од прашниците е венчевиден и канџест.
Морфологија [уреди]
Цветовите се актиноморфни (ретко зигомоефни) и хермафродитни (ретко еднополови) и се групираат во цимозни соцветија. Понекогаш се присутни прицветни листови (брактеи). Плодниците се натцветни (ретко потцветни), со слободна централна или базална плацентација. Плодот е во вид на локулицидна кутијка или утрикула. Семињата поседуваат извиткан ембрион. Ендосперм отсуствува и е заменет со перисперм.
Каранфилите растенија се годишни или повеќегодишни тревести растенија со нодиуми (коленца), грмушки или лијани. Листовите се прости, целокрајни и наспрамни, често со споени основи. Прилисниците се тенки и суви или, пак, отсуствуваат. Овие растенија имаат космополитско распространување, најчесто во топлата умерена северна хемисфера. Често се одгледуваат како градинарски и украсни растенија.

