2 Unlimited

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

2 Unlimited (Ту Анлимитед) се холандско денс дуо формирано во 1991 година. Проектот е замислен од страна на белгиските продуценти Jean-Paul De Coster и Phil Wilde, кои биле и главните креатори на поголемиот дел од музичките подлоги за песните. Холандскиот рапер Ray Slijngaard и пеачката Anita Doth биле задолжени за вокалите, појавувањето на настапите во живо, како и за пишувањето на текстовите на песните. Всушност Реј и Анита се она што сите го знаат како „2 Unlimited“.

Нивниот прв сингл „Get Ready For This“ (Подготви Се За Ова) бил издаден во 1991 година и како бура ги преплавил европските топ листи. Сепак 2 Unlimited најдобро се познати по песната „No Limits“ (Без Граници), песна која во годината 1993 станува број еден хит ширум целиот свет, притоа достигнувајќи го врвот во 35 земји.

Албуми[уреди]

Надворешни врски[уреди]