Шон Конери
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Шон Конери | |
Шон Конери, 1999 |
|
| Роден(а) | Томас Шон Конери 25 август 1930 Единбург, Шкотска |
|---|---|
| Занимање | Актер, продуцент |
| Активност | 1954–до денес |
| Сопруг(а/и) | Диане Киленто (1962–1973) Мишелин Рокјубран (1975–до денес) |
Сер Томас Шон Конери (роден 25 август 1930), подобро познат како Шон Конери, е шкотски актер.
Биографија[уреди]
Работел различни работи и учестувал на натпревари во бодибилдинг пред да го направи своето деби во Лондон во хоророт на Јужен Пацифик (1951). По неколку мали улоги, настапил како Џејмс Бонд во филмската верзија на Доктор Но на Иан Флеминг (1962) и го играл тајниот агент 007 во шест други филмови (Од Русија со љубов, Goldfinger, Thunderball, Се живее само два пати, Дијамантите се вечни и Never Say Never Again). Одличен, карактерен актер, како и повеќегодишен секс-симбол, играл во филмови како The Man Who Would Be King (1975), Името на розата (1986), Недопирливите (1987, Оскар), Индијана Џонс и крстоносните војни (1989) и The Russia House (1990).[1]
Наводи[уреди]
- ↑ Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, 2005, Книга 5,стр. 50