Чарлс Стариџ

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Чарлс Стариџ
Роден(а) 24 јуни 1951 (1951-06-24) (62 г.)
Лондон, Англија
Занимање филмски режисер, ТВ режисер
Активен период 1968 - 1975 (како глумец)
1978 - (како режисер)
Сопружник Фиби Николс (1985-)

Чарлс Стариџ (англ. Charles Sturridge) (р. 24 јуни 1951) е англиски сценарист, продуцент, сценски директор, телевизиски и филмски режисер.

Биографија[уреди]

Младост[уреди]

Стариџ е роден во Лондон, Англија во семејството на Џером Стариџ и Алисон Боуман Воган[1]. Се школувал во Стоунихарст Колеџ.[2]

Кариера[уреди]

Стариџ започнал да работи како актер, но само за крактко време. Во 1968 играл мало момче во филмот „ако....“ од Линдзи Ендертон и ја толкувал улогата на младиот Едвард VII во филмот „Едвард Седми“. Во неговите рани 20-ти години режирал епизоди на „Коронејшн Стрит“, „Незнаници“, „Светот во акција“, „Крунски суд“ и „Воени пленови“,[3]. Се стекнал со светско реноме со неговата ТВ адаптација на романот „Враќање во Брајдсхед“ од Ивлин Во.

Од тоа време, па наваму режирал филмови како „Грст прав“, „Туѓинско поле“, „Таму каде ангелите се плашат да одат“, „Бајка: Бистинска приказна“ базирана на контроверзијата Котинглиски вили, „Тркачи“ од Стивен Пољакоф, римејк на детската класика „Леси“ и лирски извајаниот црно-бел сегмент „Ла Форца дел Дестино“ од „Арија“.

Стариџ продолжил да твори значајни дела за телевизија со „Бекет на филм“, дел од колаборативниот проект за филмување на сите драмски дела на Семјуел Бекет[4] со Ентони Мингела, Мајкл Линдзи-Хог, Нил Џордан и Патриција Розема. Исто така го режирал и високоценетиот минисеријалГуливеровите патувања“ е БАФТА-добитните „Географска должина“ и „Шеклтон“.

Личен живот[уреди]

Стариџ се оженил со Фиби Николс, актерка од „Враќање во Брајдсхед“, на 6 јули 1985,[5][1] и има три деца.[6] Нивниот најстар син, Том Стариџ е актер како родителите.

Избрана филмографија[уреди]

Режисер[уреди]

Актер[уреди]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 „FilmReference.com“. „Charles Sturridge Biography (1951-)“. http://www.filmreference.com/film/53/Charles-Sturridge.html. конс. 7 мај 2007. 
  2. „isbi.com“. „Stonyhurst College Alumni“. http://www.isbi.com/isbi-viewschool/1585-STONYHURST_COLLEGE.html. конс. 7 мај 2007. 
  3. „British Film Institute“. „Film & TV Database: STURRIDGE, Charles“. http://ftvdb.bfi.org.uk/sift/individual/5075?view=credit. конс. 7 мај 2007. 
  4. „Library and Archives Canada“. „Patricia Rozema Biographie“. http://www.lac-bac.gc.ca/women/002026-713-e.html. конс. 7 мај 2007. 
  5. „Ancestry.com“. „The Times, Marriages: 1982-2004“. http://www.ancestry.com. конс. 1 мај 2007. 
  6. „FindArticles.com“. „How we met“. http://findarticles.com/p/articles/mi_qn4158/is_19980222/ai_n14148517. конс. 7 мај 2007. 

Надворешни врски[уреди]