Чардаш

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Унгарци во Скореновац, Војводина играат чардаш
Унгарци во Дорослово, Војводина играат чардаш

Чардаш (унг. Csárdás) е традиционален унгарски народен танц. Настанал во Унгарија, а бил популаризиран од циганските оркестри во Унгарија, а и во соседна Војводина, Словачка, Словенија , Хрватска, Карпатска Рутенија, Трансилванија и Моравија, како и меѓу банатските Бугари, меѓу кои и оние од самата Бугарија.[1]

Историја[уреди]

Танцот води потекло од унгарскиот вербункош од XVIII век, кој се користел при регрутирање на војници за во унгарската војска.

Чардашот се карактеризира со варијабилен темпо: почнува бавно (лашу), а завршува во многу брзо темпо (фриш). Постојат и други темпови варијации наречени ритка чардаш, шуру чардаш и шекош чардаш. Музиката е во 2/4 или 4/4 такт. Танцувачите се машки и женски, со тоа што жените се облечени во традиционални широки црвени здолништа, кои се при вртењето на танчерките се шират на специфичен начин.

Чардашот е присутен како тема и во класичната музика, особено кај композиторите: Имре Калман, Франц Лист, Јоханес Брамс, Јохан Штраус, Пабло де Сарасате, Петар Илич Чајковски и други. Веројатно најпознатиот чардаш е епонимната композиција на Виторио Монти за виолина и пијано. Ова виртуозно дело има 5 темпови варијации.

Видете исто така[уреди]

Библиографија[уреди]

  • Sárosi, Bálint, Zigeunermusik (Циганска музика), 1977

Наводи[уреди]

  1. Кауфман, Николай (2002). „Песните на банатските българи“ (на бугарски). „Регионални проучвания на българския фолклор. Том 4. Северозападна Българија: общности, традиции, идентичност“: стр. 36. ISSN 0861-6558. 

Надворешни врски[уреди]