Црногрла стрнарка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Црногрла стрнарка
Мажјак
Женка
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Фамилија: Стрнарки
Род: Emberiza
Вид: Црногрла стрнарка
Биномен назив
Emberiza cirlus
Linnaeus, 1766
Emberiza cirlus - јајца

Црногрлата стрнарка (науч. Emberiza cirlus) е врапчевидна птица овесарка од фамилијата на стрнарките Emberizidae, група, која современите авторитети ја издвоија од фамилијата на зебите Fringillidae.

Се размножува низ јужна Европа, на медитеранските острови и северна Африка. Таа е постојан жител во овие потопли краишта и не мигрира зимно време. Ја има и во Македонија. Живее во сите видови отворени предели со грмушки или дрвја, но ги претпочита сончевите падини.

Промените во земјоделската практика имаат негативно влијание на овој вид на северните граници од својот опсег, а во Англија, каде некогаш била распространета низ голем дел од југот на земјата, сега е ограничена на јужен Девон.

Опис[уреди]

Црногрлата стрнарка е како мала жолтогрла стрнарка, со должина 15-16.5 см и распон на крилјата 22-22.5 см[2] со дебело кусо клунче како на сите птици што се хранат со семиња. Мажјаците имаат светложолта глава, со црна круна, црна линија над окото и црно грло и има зеленкава линија преку градите кои инаку се жолти како и останатиот долен дел од телото. Грбот му е многу ишаран во линии со кафеаво. Женките се како жолтогрлата стрнарка, но се сивокафеаво избразденошарени над опашката и имаат костенливи рамења.

Песната му е монотоно чрчорење слично на трскарите.[2]

Однесување[уреди]

Живеалиштето на црногрлата стрнарка се обработливите земјишта, мешавината од трева и нива, полињата поделени со густа жива ограда и сл. [3] Тие можат да толерираат извесен степен на урбанизација и се среќаваат во зелените површини на градовите, дури и во Рим.

Во летниот период овие птици се хранат со без’рбетници, на пример, скакулци и штурци со кои ги хранат и своите пилиња. Зимно време се хранат со мали семиња од стрништата, ораниците, со жито или сено. Тие имаат тенденција да се хранат во јата во текот на зимата.

Гнездото го прават на земја засолнето под густата покривка на растенијата, како што се живите огради, капините, глогот и сл. Сезоната на парење трае од април до средината на септември, и имаат 3 легла годишно. Тие не мигрираат, и не се оддалечуваат многу од својата територија. Лете, одат само 250 метри во потрага по храна, а зиме до 2 км да пронајде стрништа. Несат 2-5 јајца со специфични шарки на стрнарките, како влакненца.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]