Црноглаво муварче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Црноглаво муварче
Возрасен мажјак во Шкотска
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Фамилија: Муварчиња
Род: Ficedula
Вид: Црноглаво муварче
Биномен назив
Ficedula hypoleuca
(Pallas, 1764)

Црноглавото муварче (науч. Ficedula hypoleuca) е мала врапчевидна птица од фамилијата на муварчињата. Таа е една од четирите црно-бели вида муварчиња. Се размножува низ цела Европа и западна Азија. Таа е птица преселница која зимува претежно во западна Африка. Оваа птица ја има во Македонија.

Таксономија[уреди]

Постоела расправија за поделување на видот во два подвида, hypoleuca и speculigera, но, поделбата е одбиена зашто speculigera е поблиска до видот iberia.Подвидови се: Ficedula hypoleuca hypoleuca, Ficedula hypoleuca iberiae, и Ficedula hypoleuca sibirica.[2]

Латинскиот збор ficedula значи „мала ситнојадна птица“. Терминот hypoleuca доаѓа од латинските hupo - бело и lukos - одоздола.

Опис[уреди]

Возрасна женка во Шведска
Ficedula hypoleuca

Црноглавото муварче е долго 12-13.5 см. . Мажјакот во сезона на парење е претежно црн одозгора и бел одоздола, со голема бела дамка на крилјата, бели агли по страните на опашката и мала бела дамка на челото. Кај мажјаците вон сезоната на парење, женките и младенчињата црното е заменето со бледо кафеаво и може да се измешаат со другите муварчиња.[3] Клунот му е црн, широк и заострен на врвот, типичен за птиците кои ловат инсекти во лет. Освен со инсектите, овие птици јадат гасеници кои ги наоѓаат под кората на дабовите, како и бобинки. Оваа птица порано доаѓа напролет од другите преселници и нејзиното ритмично и мелодично пеење е карактеристично во дабовите шуми во пролет.

Пеење на црноглавото муварче

Ова е птица на отворените шуми, паркови и градини која преферира дабови дрвја. Гради отворено гнездо во дупките на дрвјата и се населува во куќички за птици со преден отвор. Несат 4-10 јајца.

Распространетост и живеалиште[уреди]

Црноглавото муварче има многу широка распростарнетост и голема популација, па на Црвената листа е во категоријата на вид со најмала загриженост. Видот населува различни земји во Европа, многу е честа на копното, со типична животна средина во отворените шуми, и парковите и градините во градовите. Во 2005 година популацијата изнесувала од 3 до 7 милиони парови.

Однесување[уреди]

Исхрана[уреди]

Основната храна на црноглавото муварче се инсектите. Всушност, и името им доаѓа од нивната способност да ги ловат летечките инсекти, но, исто така, се хранат со инсекти од земја, дрво и гранки.[4] Всушност, истражувањата покажуваат дека тие најголемиот дел од хранењето го прават на земја.[5][6] Јадат мравки, пчели, бубачки, пајаци, пеперуги, молци, муви итн.

Размножување[уреди]

Црноглавите муварчиња практикуваат два системи на парење, моногамен и полигиничен. При вториот систем, мажјакот ја напушта првата територија откако женката ќе ги снесе јајцата и создава своја втора територија на оддалеченост од 200 до 3.500 метри. По спарувањето со втората женка, мажјакот се враќа кај првата помагајќи ѝ при исхраната, нејзината и на пилињата.[7] Понекогаш мажјаците се грижат за двете женки и нивните легла, ако територијата е блиску. Мажјаците кои се успешни во полигинијата се типично поголеми, постари, поискусни и стигнуваат порано од миграцијата на територијата за размножување.[8]

Некои женки ја прифаќаат полигинијата, други, не. Тие инсистираат на моногамија. Во полигиничната врска, примарните женки имаат поуспешни легла и не страдаат многу, зашто мажјакот се враќа да помогне, додека секундарната женка има и помало легло и помала успешност во одгледувањето на пилињата. Таа има 60% помалку наследници од примарната.[9]


Наводи[уреди]

  1. BirdLife International (2012). Ficedula hypoleuca. „Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2012.1“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/106006512. конс. 16 јули 2012.  (англиски)
  2. „European pied flycatcher (Ficedula hypoleuca).“. Avibase.bsc-eoc.org. http://avibase.bsc-eoc.org/species.jsp?lang=EN&avibaseid=6E352E1870A195B7&sec=summary&ssver=1. конс. 19 декември 2012. 
  3. Parkin, David T. (2003). „Birding and DNA: species for the new millennium“. „Bird Study“ 50 (3): 223–242. doi:10.1080/00063650309461316. 
  4. Lundberg, Arne (2010). „The Pied Flycatcher“. A&C Black. стр. 55–59. ISBN 1408137801. 
  5. von Haartman, L. (1954). „Der Traeurfliegenschnaaper“. „Die Nahrungsbiologic“ 83 (1): 1–96. 
  6. Silverin, B.; G. Andersson (1984). „Food composition of adult and nestling Pied Flycatchers, Ficedula hypoleuca, during the breeding period (in Swedish with English summary)“. „Var Fagelvarld“ 43 (3): 517–524. 
  7. Silverin, Bengt (1980). „Effects of long-acting testosterone treatment on freeliving pied flycatchers, Ficedula hypoleuca, during the breeding period“. „Animal Behaviour“ 28 (3): 906–912. 
  8. Alatalo, Rauno V.; Carlson, Allan; Lundberg, Arne; Ulfstrand, Staffan (1981). „The Conflict Between Male Polygamy and Female Monogamy: The Case of the Pied Flycatcher Ficedula hypoleuca“. „The American Naturalist“ 117 (5): 738–753. doi:10.1086/283756. 
  9. Lundberg, Arne; Rauno V. Alatalo, Allan Carlson, Staffan Ulfstrand (1981). „Biometry, habitat distribution and breeding success in the pied flycatcher ficedula hypoleuca“. „Ornis Scandinavica“ 12 (1): 68–79. 

Надворешни врски[уреди]