Црква „Св. Павле“ - Бер

Координати: 40°31′20.64″N 22°12′6.12″E / 40.5224000° СГШ; 22.2017000° ИГД / 40.5224000; 22.2017000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Павле
Παλαιά Μητρόπολη
Поглед на црквата
Карта
40°31′20.64″N 22°12′6.12″E / 40.5224000° СГШ; 22.2017000° ИГД / 40.5224000; 22.2017000
МестоБер
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Архит. типтрикорабна базилика
Изградба1070 - 1080
Управа
Архијерејско намесништвоБер
ЕпархијаБерско-негушко-камбаниска

Свети Павле (грчки: Άγιος Παύλος) или Стара митрополија (Παλαιά Μητρόπολη) — црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]

Црквата се наоѓа на главната улица „Кендрикис“. Според записот на западниот влез, изградена е како епископска катедрала од 1070 до 1080 г. по нарачка на митрополитот Никита. Се вбројува меѓу најголемите храмови на Балканот од средновизантискиот период. Претставува трикорабна базилика со дрвен покрив, чиј изглед се води по примерот на „Св. Димитрија“ во Солун. Денес не е зачуван јужниот кораб. Наосот е поврзан со припратата со трокрилна врата. На исток завршува со полукружна апсида.[1] Зачувани се дел од фреските, изработени во 1215/16 - 1224/25 г. кога со градот управувал епирскиот деспот Теодор Комнин Дука, сметани за едни од најважните од тој период. Зачувани се и фреските од крајот на XIII до почетокот на XIV век, можеби малку пред 1320 г., кои исто така се меѓу најдобрите примери на Палеолошката ренесанса.[3]

По доаѓањето на Османлиите во 1433 г., архиепископот Арсениј е обесен пред црквата, а храмот е претворенво во џамија од завојувачот Муса Челебија. Оваа џамија се нарекувала „Атик“, „Султан Мурат Худавендигар“ или „Хјунќар-џамија“ (турски: Âtik, Sultan Murad Hüdâvendigâr, Hünkâr Camii). Во турско време доградено е високо минаре од делкан камен и тули и портик. Минарето денес е во полусрушена состојба.[4][5]

Во 1924 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[6]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Πέτκος, Αντώνης. „Ναός Παλαιάς Μητρόπολης Βέροιας“. Υπουργείο Πολιτισμού και Αθλητισμού. Архивирано од изворникот на 2022-05-28. Посетено на 18 мај 2014.
  2. „Παλαιά Μητρόπολη“. Discover Veria. Посетено на 31 јули 2016.
  3. „The Old Metropolis of Veroia“. Hellenic Macedonia. Посетено на 7 мај 2014.
  4. „Âtik Mosque (Sultan Murad Hüdâvendigâr Mosque) Hünkâr Mosque“. Traces of Ottoman. Архивирано од изворникот на 2014-05-08. Посетено на 7 мај 2014.
  5. „Βυζαντινή Βέροια“. Δήμος Βέροιας. Архивирано од изворникот на 2014-05-08. Посетено на 7 мај 2014.
  6. „ΠΔ 3-11-1924 - ΦΕΚ 279/Α/6-11-1924“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Посетено на 9 јули 2018.[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]