Црвеногушеста треперка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Црвеногушеста треперка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Тресиопашки
Род: Anthus
Вид: Црвеногушеста треперка
Научен назив
Anthus cervinus
(Pallas, 1811)

Црвеногушестата треперка (науч. Anthus cervinus) е мала врапчевидна птица од семејството на тресиопашките (Motacillidae), родот на треперките (Anthus); која се размножува претежно во северниот дел на Европа и Азија, и е проширена кон северна Алјаска. Таа е птица преселница на долги растојанија која зимува во Африка и југоисточна Африка и на западниот брег на САД.

Црвеногушестата треперка е долга 14-15 см и е незабележлива на земја, со кафеави и бели линии одозгора, и црни линии на белиот долен дел. Во сезоната на парење овие птици се одликуваат со циглацрвеното лице и грло. Летот ѝ е силен и директен. Пеењето се јавува главно во текот на летот, а потоа сè помалку и пократко на земја или на гранките. На почетокот тоа се последователни звуци слични на шумската треперка кои завршуваат со трилови и крескања. Звучи како: циви-циви-циви-циви-висс-висс-висс-твисс-висс-висс-цирр. Често на почетокот пеењето е остро, а потоа растегнато псии или ции. Во лет испушта тивко чуп.

Живеалиштето на црвеногушестата треперка се отворените предели, вклучувајќи ги и планините, мочуриштата и тундрите. Гнездото го поставува на земја меѓу густата вегетација при крајот на мај. Несе 4-7, најчесто 5-6 јајца. Инкубацијата трае 10-13 дена и ги лежи само женката. Пилињата се осамостојуваат по 9-14 дена. Исхраната се состои од разни безрбетници, но јаде и семиња.

Црвеногушеста треперка
Anthus cervinus

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. BirdLife International (2012). Anthus cervinus. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.