Циркус принтипрам (избор)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Циркус принтипрам (избор) е збирка куси раскази и песни од рускиот писател Данил Хармс, објавена во 1993 година, во издание на Темплум, како прва книга во рамките на библиотеката “Влијанија”. Преводот од руски јазик е дело на Владанка и Г. Н.

Технички одлики[уреди | уреди извор]

Збирката е печатена во мал формат (15 сантиметри), во мек повез и има 79 страници. Книгата е каталогизирана во Народната и универзитетска библиотека "Климент Охридски" - Скопје. Графичкото уредување и дизајн е дело на фирмата “Кома”. На предната корица се наоѓа фотографија на Хармс. Книгата е објавена со поддршка на: Фондот Отворено општество на Македонија, А1 телевизија и музичкото радио 103.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Збирката содржи избор од творештвото на Хармс, и тоа: куси раскази и поезија. Исто така, во неа се содржани и илустрации, направени од Хармс или од други автори. На крајот од книгата е дадена куса белешка за писателот. Во збирката се застапени следниве песни и прозни текстови:[1]

  • “Сите сите дрвја пиф...”
  • “Милион”
  • “Пет недовршени приказни”
  • Оптичка измама”
  • “Сказна”
  • “Таинствена случка”
  • “Натпреварување”
  • “Како Волоѓа бргу низ планината летал”
  • “Врска”
  • “Лажго”
  • “Како Маша го натерала магарето да ја однесе во град
  • “Прво и второ”
  • “Мојата метода
  • куси раскази од циклусот “Случки” (“Еднаш Орлов...”, “Паѓаат старици”, “Сон”, “Столарот Кушаков”, “Борци”, “Случка”, “Средба”, “Феѓа Давидович”, “Машкин го убил Кошкин”, “Почеток на мошне убав летен ден (симфонија)”, “Рехабилитација”, “Ме нарекуваат мајмун”, “Симфонија”, и “Сонет”)
  • 15 куси текстови од циклусот “Литерарни анегдоти”
  • “Од дома излегол човек
  • Циркус Принтипрам чудесна претстава нова програма”

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Данил Хармс, Циркус принтипрам (избор), Темплум, Скопје, 1993.