Хералдички службеник
Хералдички службеник е лице назначено од владетелот или државата со овластување да извршува една или повеќе од следниве функции:
- да раководи со и покренува хералдички работи
- да организира и учествува во свечени државни церемонии
- да води и толкува хералдички и генеалошки записници.
По традиција овие хералдички службеници се делат на три ранга: хералдички кралеви, хералди и персеванти (следбеници). Службениците со постојана функција се нарекуваат редовни хералдички службеници, додека пак оние назначени привремено или понекогаш се нарекуваат вонредни хералдички службеници.
Средновековниот обичај да се назначуваат хералди или персеванти за потребите на едно благородничко семејство е сѐ уште честа практика во европските земји, особено во оние каде не постои официјален хералдички орган. Ваквата функција постои и во Шкотска, каде сѐ уште постојат четири приватни хералдички службеници. Овие функции се чисто советодавни.
Содржина |
[уреди] Англија и Шкотска
Во Англија пак, со сите хералдички работи раководат тринаесет редовни службеници кои го сочинуваат здружението на Кралеви, Хералди и Персеванти, и имаат надлежност над целиот Комонвелтот, со исклучок на Шкотска, Канада и ЈАР. Во Шкотска со хералдички работи раководат Лордот Лајон, три хералди, и три персеванти, во рамките на строг законски систем кој не постои дури ни во Англија. Лордот Лајон го назначува Круната, и, со овластување на Круната, тој самиот ги назначува другите шкотски службеници. Редовните службеници кои го сочинуваат Колегијатот на грбови се членови на кралскиот дом и примаат симболична плата.
[уреди] Ирска
Во Република Ирска, за хералдичките и генеалошките работи е задолжен службеникот наречен Главен хералд на Ирска, иако правната основа за оваа надлежност е јавно оспорена.
[уреди] Холандија
Во Холандија не постојат постојани хералдички функции. Приватната хералдика не е покриена со закон, додека пак со државната хералдика и хералдиката на благородништвото раководи Високиот совет на благородници. Меѓутоа на церемонијата на крунисувањето на монархот присуствуваат двајца кралеви на грбови и два или четири хералда. Овие лица обично се членови на Високиот совет на благородници. Како речиси сите други учесници на церемонијата, овие службеници денес не носат церемонијална облека, туку само бела пеперушка. Најстариот хералдички крал е тој што го прогласува наследникот за крал (или кралица), откако наследникот пред тоа ќе се заколне на верност кон уставот. Потоа од црквата Њивекерк во Амстердам, каде се одржува церемонијата, излегуваат хералдите за да му објават на народот надвор дека земјата има нов монарх. [1].
[уреди] Македонија
Иако во Република Македонија, како и во многу други земји, хералдиката не е регулирана со закон, органот кој доделува грбови и раководи со хералдички работи е Македонското хералдичко здружение, чиј главен харалдички службеник е хералдот Јован Јоновски, кој во своја служба има двајца персеванти: Петар Гајдов и Кирил Трајковски [2].
[уреди] Наводи
- ↑ Van Cruyningen, passim.
- ↑ Македонско хералдичко здружение
[уреди] Видете исто така
- Хералдика
- Хералдички крал
- Хералд
- Персевант
- Македонско хералдичко здружение
- Приватен хералдички службеник
- Колегијат на грбови
- Суд на Лордот Лајон
- Канадски хералдички орган
- Главен хералд на Ирска
- Фламански хералдички совет
- Хофпфалцграф
- Крониста
[уреди] Надворешни врски
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Хералдички службеник“ |
- Македонско хералдичко здружение (македонски)
- Суд на Лордот Лајон (Шкотска) (англиски)
- Колегијат на грбови (англиски)
- Канадски хералдички орган (англиски)
- Служба на Главниот хералд на Ирска (англиски)
- Службата на Главниот хералд на Шведска, Риксхералдикерембетет (англиски)
|
|||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||