Хералд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хералди со табарди во поворка кон капелата „Св. Ѓорѓија“ во Виндзорскиот замок, за годишната служба на Редот на подвеската во 2006 г.

Хералд (од старофр. herault = „гласник“) — хералдички службеник, по ранг помеѓу персевант и хералдички крал. Честопати оваа титула погрешно се употребува за сите хералдички службеници.

Хералдите најпрвин биле гласници кои ги испраќале владетелите или благородниците за да носат пораки или да разгласуваат објави, и во овој смисол тие се претходници на денешните дипломати. За време на Стогодишната војна, француските хералди го предизвикале англискиот крал Хенри V на борба. Во текот на битката кај Азенкур, англискиот и францускиот хералд Монжоа, ја гледале битката заедно од еден соседен рид; обајцата се согласиле дека Англичаните се победници. Потоа Хенри V, како победник, го добил правото да ја именува битката, и тогаш Монжоа му го препорачал името на блискиот замок.[1]

Како и другите хералдички службеници, хералд носи шинел наречен табард, украсен со грбот на неговиот господар. Хералдите најверојатно почнале да се занимаваат со грбови во доцниот Среден век кога имале за задача да ги регулираат грбовите на витезите кои учествувале во турнири. Со намалувањето на улогата на ладното оружје, хералдиката добила уште повеќе на важност, бидејќи сега хералдичките обележја станале главен начин на идентификација на род, семејство и потекло. Низ вековите хералдиката претрпела разни регулации. Така, главната задача на хералдот денес е да биде експерт по грбови. Во Обединетото Кралство хералдите сѐ уште се повикуваат да читаат јавни прогласи, носејќи табард извезен со кралскиот грб.

Хералдите денес[уреди]

Денес во неколку земји постојат активни државно-назначени хералди, меѓу кои и Обединетото Кралство, Република Ирска, Канада и ЈАР. Во Англија и Шкотска највеќето хералди се вработени од владетелот со полно работно време и се нарекуваат „Редовни хералди“ (Heralds of Arms in Ordinary). Хералдите во привремена служба се нарекуваат „Вонредни хералди“ (Heralds of Arms Extraordinary). Овие се ангажираат за големи државни свечености, како крунисување. Покрај ова, Хералдичкиот орган на Канада има создадено посебен вид на херад наречен „Почесен хералд“ (Herald of Arms Emeritus), што претставува посебна почесна титула која се доделува на истакнати хералдичари со голем стаж. Во Шкотска, некои поглавари на кланови, сѐ уште имаат свои приватни хералдички службеници кои се занимаваат со случаи од генеалошко значење за членовите на кланот, иако овие службеници обично се само персеванти.

Во Македонија[уреди]

Република Македонија засега има само еден хералд, а тоа е Хералдот на Македонското хералдичко здружение, м-р Јован Јоновски [2]. Во негова служба тој има и двајца персеванти: Петар Гајдов и Александар Гижаровски

Англиски хералди[уреди]

Хералдот Жан ле Февр пишува летописи, околу 1450 г.

Англиски редовни хералди[уреди]

Англиски вонредни хералди[уреди]

Шкотски хералди[уреди]

Шкотски редовни хералди[уреди]

Шкотски вонредни хералди[уреди]

Баварскиот кралски хералд Јерг Руген, околу 1510 г.

Канадски хералди[уреди]

Канадски редовни хералди[уреди]

Канадски вонредни хералди[уреди]

Канадски почесни хералди[уреди]

Хералдот на Македонското хералдичко здружение, м-р Јован Јоновски облечен во табардот на службата држи предавање за хералдиката

Македонски хералди[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Keegan, John. The Face of Battle, 1983, Penguin Classics, ISBN 0-14-004897-9, стр. 74, 77, 104-105
  2. Македонско хералдичко здружение

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]