Персевант

Од Википедија — слободната енциклопедија
Почесниот Адам Брус, поранешен Персевант Финлаган.

Персевант (од старофранцуски: poursuivant = „следбеник“) — ниж грбовен службеник во еден хералдички орган. Највеќето персеванти работат како дел од хералдички орган, како Колегијатот на грбови во Лондон или Судот на Лордот Лајон во Единбург. Во средновековието, многумина моќни благородници вработувале сопствени службеници на грбови. Денес сѐ уште постојат такви приватни службеници кои не работат за државата. На пример, во Шкотска поглаварите на клана имаат вработени персеванти. Овие службеници се занимаваат со работи од хералдичко и генеалошко значење за членовите на кланот.

Некои масонски големи ложи имаат функција наречена „Голем персевант“. Таквите функции постојат во големи, но не и во локални ложи. Големиот персевант ги има следниве должности: да ги најавува сите оние кои поднеле барање за пристапување во големата ложа по име и масонски титули; да ги чува обележјата и регалиите на големата ложа; да присуствува на сите средби, и да извршува други такви должности кои може да ги побара големиот мајстор или претседавачот.

Во Република Македонија службата која се занимава со хералдика е Македонското хералдичко здружение. На нејзино чело стои хералдот Јован Јоновски, и во своја служба има двајца персеванти: Петар Гајдов и Александар Гижаровски.[1]

Државни персеванти[уреди | уреди извор]

Англиски редовни персеванти[уреди | уреди извор]

Табард на персевант од Колегијатот на грбови.

Англиски вонредни пресеванти[уреди | уреди извор]

Шкотски редовни персеванти[уреди | уреди извор]

Шкотски вонредни персеванти[уреди | уреди извор]

Велшки редовни персеванти[уреди | уреди извор]

Приватно назначени персеванти[уреди | уреди извор]

Македонски персеванти[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]