Хеморецептор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Хеморецепторот или хемосензорот е вид на невроцит односно рецептор кој прима хемиски сигнал (стимул) и го трансформира во акциски потенцијал. Постојат два основни видови на хеморецептори:

Функции на хеморецепторите[уреди]

Хеморецепторите земаат учество во дишењето, срцевиот ритам и влегуваат во градбата на сетилните органи.

Хеморецепторите и дишењето[уреди]

Хеморецепторите во продолжениот мозок, каротидните артерии и аортата го детектираат нивото на јаглероден диоксид во крвта. Тие ја регулираат концентрацијата на водородни јони во крвта, кои ја намалуваат вредноста на pH во крвта, како директна последица на зголемената концентрација на јаглероден диоксид.

Одговорот на центарот за вдишување во продолжениот мозок се состои во испраќање на нервни импулси до надворешните меѓукоскени мускули и дијафрагмата преку френичниот нерв со цел зголемување на виталниот капацитет и волуменот на белите дробови за време на вдишувањето.

Хеморецепторите и срцевиот ритам[уреди]

Истите хеморецептори го детектираат нивото на јаглероден диоксид во крвта на ист начин како кај дишењето (опишано во претходната секција).

Како одговор на оваа концентрација, се испраќа нервен импулс до кардиоваскуларниот центар во продолжениот мозок, којшто преку ацелерирачкиот нерв по пат на повратна врска (спрега) ќе го зголеми количеството на нервни импулси и ќе го информира синусниот јазол да стимулира повеќе контракции на миогениот срцев мускул (односно да предизвика зголемен срцев ритам).

Хеморецепторите и сетилните органи[уреди]

Јазикот се состои од 5 различни хеморецептори: за солено, за кисело, за благо, за горко и за луто (кое всушност претставува механичка дразба).

Носот кај ‘рбетниците и антените кај многу без‘рбетници се однесуваат како дистанциони хеморецептори.