Хајнрих Химлер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хајнрих Химлер
Heinrich Himmler
Bundesarchiv Bild 183-R99621, Heinrich Himmler.jpg

Роден 7 октомври, 1900
Минхен
Умрел 23 мај, 1945
Линебург
Политичка партија Националсоцијалистичка германска работничка партија (НСДАП)

Хајнрих Химлер (германски: Heinrich Luitpold Himmler) (7 октомври 1900 - 23 мај 1945) бил главниот заповедник на нацистичката паравоена организација СС (Schutzstaffel, SS, Шуцштафел) и еден од најмоќните луѓе во Нацистичка Германија, втор по моќ, зад Адолф Хитлер, во хиерархијата на Нацистичката партија. Како рајхсфирер (Reichsführer, Царски водач) на СС, управувал со СС и Гестапо. Како основач и главен управувач со нацистичките концентрациони логори и одредите на смртта Ајнзацгрупен (Einsatzgruppen), Химлер ја имал главната одговорност за истребувањето на „подлуѓето“ кои биле недостојни за живот. Кратко пред крајот на војната, тој понудил да ја предаде цела Германија на Сојузниците, ако го поштедат од судење како нацистички водач. Подоцна во 1945, Химлер извршил самоубиство со цијанид кога станал заробеник на британската армија откако Германија ја загубила Втората светска војна.

Видете уште[уреди]

Надворешни врски[уреди]


Претходник
Ерхард Хајден
Рајхсфирер на СС
19291945
Наследник
Карл Ханке
Претходник
Вилхелм Фрик
Министер за внатрешни работи
19431945
Наследник
Вилхелм Штукарт