Француски поход на Египет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Францускиот поход на Египет претставува неуспешен обид на Наполеон Бонапарт да ги заштити француските трговски интереси во Египет и Сирија и неуспешен обид да го попречи патот на англиските трговци кон Индија. И покрај почетните успешни резултати на крајот Наполеон бил принуден да се повлече.

Подготовка[уреди]

Во август 1797 година генералот Наполеон Бонапарта во писмо до Директориумот понудил да поведе воена експедиција, чија цел била преземањето на Египет која била покраина на Отоманската империја, со цел заштита на француските комерцијални интереси и прекин на британските патишта кон Индија. Бонапарт се стремил кон француско владеење на Блискиот Исток за да може да се поврзе со муслиманскиот непријател на Британците во Индија - Типу-султан. Наполеон напишал дека колку побрзо го заземе Египет толку побргу ќе може да создаде врски со индиските кнезови за полесен напад врз англичаните[1].

И покрај тоа што се согласиле со планот во март 1798 година, оваа експедиција била исклучително скапа.

Зазимање[уреди]

По пристигнувањето во Египет (според планот, во близина на Александрија), наполеоновата армија победила повеќе од 21.000 мамелуци во Битката кај пирамидите (околу 40 000 мамелюци не учествувале во битката), која се одржала на околу 9 милји (15 км) од пирамидите. Додека битката на копното била решавачка победа за Французите, британската морнарица успеала да компензира во морските борби. Француската флота била заробена додека Наполеон останал на копното. На овој начин неговата цел да ги зајакне француските позиции во Средоземното Море останале неисполнети.

Наводи[уреди]

  1. Napoleon and Persia by Iradj Amini, p.12 [1]