Фалтичени

Координати: 47°27′35″N 26°18′0″E / 47.45972° СГШ; 26.30000° ИГД / 47.45972; 26.30000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Фалтичени
Fălticeni
Град
Од горе надолу, од лево кон десно: Колеџ Нику Гане, Домот на значајни личности, Градско собрание, Музеј на вода Михај Баческу, Градинка, Музеј на уметноста Ијон Иримеску
Од горе надолу, од лево кон десно:
Колеџ Нику Гане, Домот на значајни личности, Градско собрание, Музеј на вода Михај Баческу, Градинка, Музеј на уметноста Ијон Иримеску
Грб на Фалтичени
Фалтичени is located in Романија
Фалтичени
Фалтичени
Местоположба на Фалтичени
Координати: 47°27′35″N 26°18′0″E / 47.45972° СГШ; 26.30000° ИГД / 47.45972; 26.30000
Држава Романија
ОкругСучава
Управа
 • ГрадоначалникКаталин Коман
Површина
 • Вкупна28,76 км2 (1,110 ми2)
Население (попис од 2011)[1]
 • Вкупно24.619
 • Густина856/км2 (2,220/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Мреж. местоOfficial site

Фалтичени — град во округот Сучава, североисточна Романија. Градот се наоѓа на историскиот регион Молдавија.

Фалтичени е втора најголема градска населба во округот, со население од 24,619 жители, според пописот од 2011 година. Градот бил прогласен за општина во 1995 година, заедно со два други града во округот Сучава: Радауци и Кимпулунг Молдованеск. Фалтичени покрива површина од 28,76 км2, од кои 25% се насади и езера, и управува две села: Шолданешти и Тарна Маре. Тој бил главен град на поранешниот округ Баја (1929-1950). Градот е познат по многутте романски писатели, уметници и сценаристи кои биле родени, живееле, студирале или твореле тука.

Географија[уреди | уреди извор]

Фалтичени се наоѓа на јужниот дел од округот Сучава, 25 километри од Сучава, главниот град на округот. Европскиот автопат Е85 поминува низ градот. Фалтичени е поврзан во романскиот национален жечезнички систем, преку станицата во Долхаска (оддалечена 24 километри). Градот Роман е 80 километри јужно, на автопатот Е85.

Историја[уреди | уреди извор]

Најраниот запис за селото Фолтичени потекнувал од март 1490 година, а вториот од март 1554 година, кога молдавскиот принц Александар Лопушанин го подарил имотот и селото на манастирот Молдовица.

Фалтичени првпат бил споменат како градска населба во август 1780 година како Град Шолданешти (Târgul Şoldăneşti), по името на имотот на локален болјарин, во документ издаден од кабинетот на принцот Константин Морузи. Во март 1826 година, во декрет издаден од принцот Ијон Стурдза името на градот било променето во Фалтичени.

Фалтичени бил бомабрдиран од Болшевиците во текот на првата светска војна.[2]

Меѓу 1929-1950, Фалтичени бил главен град на поранешниот округ Баја. Од 1950 година градот е дел од округот Сучава.

Демографски податоци[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1912 8.637—    
1930 14.096+63.2%
1948 10.563−25.1%
1956 13.305+26.0%
1966 17.839+34.1%
1977 20.656+15.8%
1992 32.807+58.8%
2002 29.787−9.2%
2011 24.619−17.3%
Извор: Податоци од пописи

Фалтичени го достигнал врвот во поглед на бројот на жители во 1992 година, кога речиси 33,000 лица живееле во рамките на градот. Според пописот од 2011 година, во градот живелее 24,619 лице, што претставува намалување на бројот на жители од претходниот попис од 2002 година, кога во градот живееле 29,787 лица.

Во 2011 година, од вкупното население во градот, 98.15% биле етнички Романци, 0.76% Роми, 0.75% Руси и Липовани, 0.07% Унгарци, 0.04% Германци, 0.02% Украинци и 0.01% Полјаци.

Фалтичени е втор најнаселен град во округот Сучава, по истоимениот главен град.

Култура[уреди | уреди извор]

Музејот на уметноста Ијон Иримескиу

Во Фалтичени има четири музеи. Во музејот на уметноста Ијон Иримескиу е сместена најголемата збирка на уметнички дела на уметникот Ијон Иримеску, еден од најголемите вајари и изработувачи на скици во Романија, како и член на Романската Академија. Објектот на музејот е историски споменик, којшто датира од средината на 19. век и бил користен за различни намени сè до 1974 година, кога станал музеј на уметноста. Во 1974 година, Ијон Иринеску преземал иницијатица да основа музеј, првично како дел од музејот на градот и дал неколку донации. Подоцна вредноста на збирката пораснала, моментално е најбогата авторска збирка, и во 1991 година бил отворен независен музеј. Збирката се состои од најрепрезентативните дела на вајарот Иринеску: 313 скулптури и 1000 цртежи. Во музејот исто така е вклучена личната библиотека на уметникот (1500 тома).[3]

Музејот на вода Михај Баческу бил основан во 1982 од романскиот зоолог Михај Баческу, кој исто така бил член на Романската Академија. Овој музеј на природни науки претставува подобрување на првиот музеј основан во Фалтичени, во 1914 година, од професорот Васил Куреа.[4]

Фалтичени е роден град на семејството Ловинеску, од кое потекнуваат четири видни автори од 20. век: литературниот критичар Еуген Ловинеску, драматургот Орија Ловинеску, езотеристот Василе Ловинеску и писателот Антон Холбан. Семејството Ловинеску е заслужно за основање на меморијален музеј во Фалтичени, Домот на значајни личности. Музејот бил отворен во 1972 година и претставува синтеза на културниот и интелектуалниот живот во градот.[5]

Класичарите на романската литература, како Ијон Креанга, Михаил Садовану, Василе Александри, и Никола Лабиш, во одреден дел од својот живот студирале и живееле во градот. Меморијалниот дом Михаил Садовану е музеј основан во 1987 година во Фалтичени, во куќата во која Садовану живеел и творел во периодот 1909-1918.[6]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Главни индустрии во градот се хемиското прозиводство, рачната изработка на стакло, производство на безалкохолни пијалаци, облека и производи од дрво. Исто така рибната индустрија е една од најстарите индустрии во градот. Повеќето од овие индустрии замреле по комунистичкиот период.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Suceava County at the 2011 census“ (PDF) (романски). INSSE. February 2, 2012. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-06-04. Посетено на March 12, 2012.
  2. Stoica, Vasile (1919). The Roumanian Question: The Roumanians and their Lands. Pittsburgh: Pittsburgh Printing Company. стр. 88.
  3. Romanian Museums Guide - Ion Irimescu Art Museum, Fălticeni (на романски). Retrieved January 30, 2013.
  4. Romanian Museums Guide - Mihai Băcescu Water Museum, Fălticeni (на романски). Retrieved January 30, 2013.
  5. Lovinescu Family - Notable People House, Fălticeni Архивирано на 8 април 2019 г. (на романски). Retrieved January 30, 2013.
  6. Romanian Museums Guide - Mihail Sadoveanu Memorial House, Fălticeni (на романски). Retrieved January 30, 2013.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]