Трпчева Црква (Дуње)

Координати: 41°15′27″N 21°41′31″E / 41.25750° СГШ; 21.69194° ИГД / 41.25750; 21.69194
Од Википедија — слободната енциклопедија
Трпчева Црква


Местоположба 41°15′27″N 21°41′31″E / 41.25750° СГШ; 21.69194° ИГД / 41.25750; 21.69194
Основни податоци
Место Дуње
Општина Прилеп
Тип

 населба  црква  некропола

Период среден век
Портал „Археологија“

Трпчева Цркваархеолошко наоѓалиште во прилепското село Дуње. Претставува населба, црква и некропола од средниот век.

Се наоѓа на просторот помеѓу селата Кален и Дуње, односно 2 км југоисточно од селото Кален или 2 м југозападно од селото Дуње, а на околу 300 метри лево од современиот пат Прилеп-Витолиште. Овде, на поголема површина се гледаат остатоци од разурнати градби меѓу кои централното место го зафаќа мал сакрален објект, со полукружна апсида и ѕидови од кршен камен и варов малтер, зачувани до еден метар висина. Во непосредната близина на овој објект, на површина од околу 300 - 500 м се гледаат остатоци од други градби. Во 1985/86 година мештаните самоиницијативно изградиле црква од камен и кал врз темелите на сакралната црква. Околу објектот има некропола од која се истражени 40 гробни целости. Пронајдено е дека се работи за едно слојна некропола на редови чии гробови се издлабени во ронлива карпа, а конструкциите им се изведени со делумно или целосно оградување од внатрешната страна на длабнатината, а има и гробови без оградувања. Гробниот инвентар е богат и главно се состои од предмети за украсување кои укажуваат дека почетоците на погребувањето се на крајот на IX и на почетокот на X век, а некрополата била употребувана и преку целиот XI век.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 299, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069