Теџал Десаи
Теџал Ашвин Десаи (англиски: Tejal Ashwin Desai, р. 3 јуни 1972) — американски научник и просветител [1]. Таа ќе биде вториот декан на Школата за инженерство при Брауновиот универзитет во Провиденс, Род Ајленд, САД. Претходно, Десаи беше професор во Одделот за биоинженерство и терапевтски науки на Калифорнискиот универзитет, Сан Франциско, каде пристигна во 2006 година. Таму, таа исто директоруваше со иницијативата „Здравствени Иновации преку Инженерство“ (HIVE, англиски: Health Innovations via Engineering)[2] и раководеше со Лабораторијата за терапевтска микро- и нанотехнологија [3]. Десаи меѓу 1998-2001 година беше доцент на Илиноискиот универзитет во Чикаго, а потоа меѓу 2002-2006 година беше вонреден професор на Бостонскиот универзитет во Масачусетс.
Десаи има напишано барем една книга во областа на терапевтската микро- и нанотехнологија[4] и уште една книга за биоматеријали.
Образование[уреди | уреди извор]
Десаи дипломираше во 1994 година на програмата за биомедицинско инженерство при Брауновиот универзитет. Веднаш потоа ги започна докторските студии на Одделот за биоинженерство при Калифорниските универзитети, Сан Франциско и Беркли. Таму нејзин ментор беше Мауро Ферари. Десаи се здоби со звањето доктор на науки во 1998 година.
Награди и признанија[уреди | уреди извор]
Десаи е добитник на бројни признанија за нејзината истражувачка работа. Исто така, таа е наградена за нејзините напори за инклузивност и еднаквост во техничките и природните науки. Меѓу најбитните признанија на Десаи се вбројуваат:
- Член на Американскиот институт за медицинско и биолошко инженерство (2012) [5]
- Член на Друштвото за биомедицинско инженерство
- Член на Националната академија за медицина на САД
- Член на Националната академија за иноватори на САД
- Награда „Џудит Пул“ од Севернокалифорниската Асоцијација на жени научнички
- Награда на Канцеларот на Калифорнискиот универзитет, Сан Франциско за напредок на жените
Меѓу 2020-2022, Десаи беше претседател на Американскиот институт за медицинско и биолошко инженерство [6]. Таа оваа позиција ја искористи да се залага за повеќе вложување во науката и решавање на нерамноправноста во работната сила во научната и инженерската струка.
Лични податоци[уреди | уреди извор]
Десаи е мажена и има три деца [7].
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Accomplished biomedical engineer, academic leader named Brown School of Engineering dean“. Brown University (англиски). Посетено на 2022-01-18.
- ↑ „Desai named the director of new UCSF bioengineering initiative“. UCSF School of Pharmacy (англиски). 2019-02-28. Посетено на 2022-01-18.
- ↑ „About · Desai Lab“. Desai Lab (англиски). Посетено на 2022-01-18.
- ↑ Desai, Tejal (2010). BioMEMS and Biomedical Nanotechnology Volume III: Therapeutic Micro/Nanotechnology. Springer. ISBN 9781441938053. line feed character во
|title=
во положба 38 (help) - ↑ „Tejal Desai, Ph.D. COF-1412 - AIMBE“ (англиски). Посетено на 2022-01-18.
- ↑ „AIMBE Past Presidents - AIMBE“ (англиски). Посетено на 2022-01-18.
- ↑ „Tejal Ashwin Desai, class of 1994 | The Pembroke Center Oral History Project“. www.brown.edu. Посетено на 2022-01-18.
- Родени во 1972 година
- Американци
- Американски научници
- Американски инженери
- Американски нанотехнолози
- Апсолвенти на Брауновиот универзитет
- Апсолвенти на Калифорнискиот универзитет, Сан Франциско
- Апсолвенти на Калифорнискиот универзитет, Беркли
- Професори на Илиноискиот универзитет во Чикаго
- Професори на Бостонскиот универзитет
- Професори на Калифорнискиот универзитет, Сан Франциско
- Професори на Брауновиот универзитет
- Членови на Американскиот институт за медицинско и биолошко инженерство
- Школа за инженерство (Браунов универзитет)
- Браунов универзитет