Теофана (сопруга на Лав VI)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Теофана
Византиска царица
Теофана и Лав VI
Сопруга на византискиот цар
На престол29 август 886 – 893
Починал(а)10 ноември 893[1]
Цариград
Почивалиште
СопружникЛав VI Мудриот
ДецаЕвдокија
династијасемејство Мартинијакос
Македонска династија
ТаткоКонстантин Мартинијакос

Теофана (грчки: Θεοφανώ) била византиска царицата, прва жена на царот Лав VI Мудриот.

Потекло[уреди | уреди извор]

Теофана била ќерка на Константин Мартинијакос. Потеклото на нејзиното семејство, сепак е непознато. Сепак според Теофан, нејзиното семејство имало роднински врски на семејството со царот Теофил (829-849). Според неговата раскажана историја, некој постар член на семејството Мартинијакос се сродил со царот Теофил, но меѓу дворот започнал да се носи слухот за некакво пророштво според кое семејство Мартинијакос ќе управува со империјата. Поради тоа царот го принудил својот близок да се замонаши и го испратил целото негово семејство во манастир.

Според едно мислење семејство Мартинијакос се наследници на фригиската династија и како такви се едни од главните претенденти за византискиот престол во 9 век. Според тоа мислења Мартинијакос се одвоиле како гранка на Фригиската династија преку бракот на една од сестрите на основачот нејзин, цар Михаил II Амориецот.

Царица[уреди | уреди извор]

Во хрониката на Симеон Метафраст, бракот меѓу Теофил и Лав VI е датиран во "шеснаесеттата година од владеењето на Василиј I" т.е во 883 година. Василиј I е татко на Лав VI Мудриот. Сепак пред бракот со Василиј I, мајката на Лав VI, Евдокија Ингерина била љубовница на царот Михаил III Пијаницата, кој се смета за вистински татко на Лав VI. Во секој случај бракот на Лав и Теофана бил решен од страна на царот Василиј I без да се бара мислењето на Лав. Ладните односи меѓу татко и син најверојатно ја одиграле својата улога за подоцнешното распаѓање на бракот на Теофана. Василиј I починал на 29 август 886 и бил наследен од Лав VI, а Теофана била крунисена за негова августа.

Теофана е позната како образовна и религиозна жена. Според византиската хагиографија за Теофана, таа деновите ги поминувала во молитви, псалми и химни кон Господ. Царицата била ктитор и патрон на манастирот Св. Анастасија на полуостровот Халкидик[2].

Според Метафраст на третата година од владеењето (889 година), Лав VI се вљубил во Зоја Зауцена, која станала негова љубовница. Во Книга за церемониите (De cerimoniis aulae byzantinae) од Константин Порфирогенит, Теофана и Лав имале ќерка Евдокија која починала млада и била погребена во црквата Свети Апостоли.

Замонашување[уреди | уреди извор]

На седмата година од владеењето на царот (893 година), Теофана се повлекла во еден од манастирите во Влахерна, отстапувајќи и место во царскиот двор на Зоја Зауцена. Нема спор дека царицата била целосно посветена на религијата, но необјаснето останува прашањето, дали замонашването и било доброволно.

Контроверзни се и мислењата за официланиот статус на Теофана во периодот од нејзиното влегување во манастирот до нејзината смрт. Според Симеон Метафраст, бракот на царот и Теофана официјално бил поништен во 893, дозволувајќи му на Лав VI да се ожени за Зоја во следната година. Според Теофан, бракот на Теофана не бил поништен, а Зоја продолжила да биде единствено љубовница на царот.

Теофана починала во манастирот на 10 ноември 897, што овозможило на Лав VI и Зоја да се венчаат наскоро по нејзината смрт.Теофан умира во манастирот на 10 ноември 897, што овозможило на Лав VI и Зоја да се венчаат наскоро по нејзината смрт. Православната црква ја канонизирала Теофана за светица малку по нејзината смрт, и како светец се почитува на 16 декември.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. The date in Vita Euthymii, not printed until 1888 "makes it seem practically (though not absolutely) certain that she died on 10 Nov. 893". Glanville Downey, "The Church of All Saints (Church of St. Theophano) near the Church of the Holy Apostles at Constantinople" Dumbarton Oaks Papers, Vol. 9/10, (1956:301-305).
  2. Η ΜΝΗΜΗ ΤΗΣ ΑΓΙΑΣ ΒΑΣΙΛΙΣΣΗΣ ΘΕΟΦΑΝΟΥΣ ΣΤΟ ΦΑΝΑΡΙ, http://fanarion.blogspot.gr, 2011, Посетено на 21 July 2014 Надворешна врска во |publisher= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Претходник
Евдокија Ингерина
Византиска царица
886–893/897
Наследник
Зоја Зауцена