Македонска династија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Македонската династија[а] владеела со Византија од 867 до 1056 година и доаѓа по Аморијанската династија. Позната е и како Ерменска династија[b][1]. Со оваа династија е поврзана македонската ренесанса во Византија.

Византиски цареви од Македонската династија[уреди]

  • Василиј I Македонецот (811 - 886, на трон 867 - 886) - оженет за Варањезиња Евдокија Ингерина, куртизана на Михаил III; починал при лов (Потекло: Ерменско, роден во Македонија)
  • Лео VI мудриот (866 - 912, на трон 886 - 912) – син на Евдокија Ингерина, законит син и наследник на Василиј I; има возможност да бил биолошки син на Михаил III
  • Александар (870 - 913, на трон 912 - 913) – син на Василиј I
  • Константин VII пурпурнородениот (905-959, на трон 913 - 959) – син на Лео VI
  • Роман I Лекапен (870 - 948, на трон 919 - 944) – дедо по жена на Константин VII; коимператор, симнат од сина си и заминал во манастир (Потекло: Ерменско)
  • Роман II пурпурнородениот (939 - 963, на трон 959 - 963) – син на Константин VII
  • Никифор II Фока (912 - 969, на трон 963 - 969) – Стратег; се оженил за вдовицата на Роман II; убиен (Потекло: Кападокија)
  • Јован I Цимискиј (925 - 976, на трон 969 - 976) – дедо по жена на Роман II, Љубовник на Никифоровата жена (Потекло: Ерменско)
  • Василиј II Бугароубиец (958 - 1025, на трон 976 - 1025) – син на Роман II (Потекло: Ерменско)
  • Константин VIII (960-1028, на трон 1025 - 1028) – син на Роман II; коимператор со Василиј II
  • Зоја I (о. 978 - 1050, на трон 1028 - 1050) – ќерка на Константин VIII
  • Роман III Аргир (968 - 1034, на трон 1028 - 1034) – епарх на Цариград; прв маж на Зоја; убиен
  • Михаил IV Пафлагонец (1010 - 1041, на трон 1034 - 1041) – втор маж на Зоја
  • Михаил V Калафат (1015 - 1042, на трон 1041 - 1042) – внук на Михаил IV, посинет син на Зоја
  • Теодора (980 - 1056, на трон 1042) – ќерка на Константин VIII, коимператорка со Зоја
  • Константин IX Мономах (1000 - 1055, на трон 1042 - 1055) – трет маж на Зоја
  • Теодора (на трон 1055 - 1056) – вратена на трон

Надвор од династиското дрво[уреди]

  • Михаил VI (на трон 1056 - 1057) – избран од Теодора; симнат и заминал во манастир

Види[уреди]

Белешки[уреди]

  • а  Се нарекува македонска бидејќи родоначалникот на династијата, Василиј I, бил роден во византиската тема Македонија, која тогаш се простирала во денешна Тракија околу регионот на Едрене. Се претпоставува дека е наречена вака поради тоа што по наездата на Бугарите голем дел Македонци се населиле во тој дел..
  • b  Се нарекува и ерменска бидејќи некои од владетелите имале и делумно ерменско потекло.

Наводи[уреди]

  1. Chahin, Mack. The Kingdom of Armenia: A History. London: RoutledgeCurzon, 2001, p. 232 ISBN 0-7007-1452-9