Македонска ренесанса

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Македоснка ренесанса е лабела што се користи за да се означи периодот на Византија под Македонската династија (867-1056), којшто некои научници го сметаат за период со зголемен интерес кон класичната школа и прифаѓање на класични мотиви во христијанските теми. Други варијанти на терминот се: Средна Византиска ренесанса или Прва Византиска ренесанса (Палеолоѓева ренесанса од 13-ти век е втората). Македонска уметност се однесува на уметноста од тој период.

Поради тоа што терминот Ренесанса е создаден во 15-ти век од страна на италијански хуманисти за да го опишат времето во кое живееле, користењето на терминот надвор од овој контекст е проблем, сепак периодот со сигурност создал идеи и уметнички дела кои што рефлектираат класични идеи.[1]

Терминот Македонска ренесанса прво е употребен од Курт Вајцман во The Joshua Roll; a work of the Macedonian Renaissance, Studies in Manuscript Illumunation III (Princeton, 1948).

Наводи[уреди]

  1. Leslie Brubaker (1987). "Macedonian Renaissance". In Dictionary of the Middle Ages.