Тајра Бенкс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тајра Бенкс
Роден(а) Тајра Лин Бенкс
4 декември 1973 (1973-12-04) (41 г.)
Инглвуд, Калифорнија, САД
Занимање Актер
водител на ток шоу
Активен период 1993–денес
Плата $23 милиони (2008)[1]
Висина 1,78 м
Страница
www.TyraBanks.com

Тајра Лин Бенкс (родена на 4 декември 1973) е американски модел, јавна личност, актерка, повремена пејачка и бизнисменка. Таа најпрво стана позната како манекенка во Париз, Милано, Лондон, Токио и Њујорк, но преку телевизијата таа станала уште попозната. Бенкс е главниот уредник и домаќин на реалното шоу „Следното ново лице на Америка“ кое се одржува на телевизијата UPN/The CW, продуцент на „Вистинска убавина“ и домаќин на нејзиното ток шоу „Шоуто на Тајра Бенкс“.

Во 2009 година таа била наградена од „Здружението на хомосексуалци и лезбејки против клевета“ со награда за успешно учество во јавните медиуми.

Детство[уреди]

Таа е родена во Инглвуд, Калифорнија, ќерка на Каролин (моминско презиме Лондон) која била моден менаџер и фотограф на НАСА , и татко Доналд Бенкс, компјутерски консултант. Нејзините родители се развеле во 1980 година, кога Тајра имала само шест години. Меѓутоа односот помеѓу нејзините родители и односот со неа и нејзиниот брат Девин Бенкс, останал на пријателска база. Подоцна, нејзината мајка се омажила со Клифорд Џонсон, чие презиме мајка и го носи и денес: Керолин Лондон–Џонсон. Бенкс учела во основното училиште Џон Буротс, а матурирала во 1991 година во Лос Анџелес. Таа била примена на универзитетите USC и UCLA за телевизиски продуцент.

Кариера[уреди]

Манекенство[уреди]

Тајра Бенкс започнала да работи како манекенка уште кога била во 11. одделение. Подоцна заминала за Париз, Франција, за да чекори на модните писти како манекенка. За само една недела во Париз, модните дизајнери биле воодушевени од нејзиното присуство на модните писти па затоа таа и била ангажирана за околу 25 емисии, а тоа било рекорд за некој кој е почетник во тој бизнис. Оставила голем впечаток за време на нејзината кариера работејќи како манекенка за големи рекламни кампањи како на пример Ана Суи, Курс Лајт, Кавер Грл, Бедли Мишка, Бил Блес, Синтија Рули, Шанел, Кристијан Диор, Долче и Габана, Дона Каран, Грема Кенг, Х&М, Исак Муцраки, Марија Шнајдер, МекДоналдс, модната агенција на Азлин Дуба, Мајкл Корс, Милк, Никол Милер, Најк, Оскар де ла Рента, Пери Елис, Ренди Кемпер, Риџард Тајлер, Рифат Озбек, Своч, Тод Олдман, Томи Хилфигер, Викторија Сикрет и Јувес Сент Лорен. Таа се појави на насловните страни на многу познати модни списанија како Вог, Харпер Базар, Космополитен и Ел.

Таа била првата афроамериканска девојка која се појави на насловните страници на GQ и Sports Illustrated. Во 1997 година, таа ја прими наградата од VH1 за манекенка на годината. Истата година таа беше и првата црна девојка која се појави на насловната страна на каталогот на Викторија Сикрет.

Бенкс се повлече од манекенството во мај 2005 година за да се сконцентрира на нејзината телевизиска кариера. Таа за последен пат зачекори на модната писта во 2005 година на модното шоу на Викторија Сикрет.

Покрај нејзината кариера како манекенка, во 1998 година, таа напиша книга со наслов “Внатрешната и надворешната убавина на Тајра Бенкс”. Оваа книга беше напишана со цел да им помогне на останатите жени да го откријат најубавото од нивната природна убавина. Бенкс повторно потпиша договор со нејзината претходна модна агенција IMG Models.

Телевизија и актерство[уреди]

Нејзината телевизиска кариера започна со четвртата сезона на серијата “Младиот принц од Бел ерл” каде што таа имаше главна улога глумејќи ја старата пријателка на актерот Вил Смит. Таа во серијата се појави седум пати. Таа се појави и во други телевизиски серии како Felicity, MADtv Nick Cannon’s Wild 'n Out ( во кои беше специјален гостин и главен продуцент) и Felicity, MADtv, Nick Cannon's Wild 'n Out каде што се појави како "Barker's Beauty” . Таа се појави како гостинка во анимираното ток шоу Space Ghost Coast to Coast во епизодата наречена "Chinatown."

Моментално ,Бенкс може да се види на телевизијата во улога на хостеса, судија, и извршен продуцент на шоуто на телевизиската продуцентска куќа The CW Television Network, “Следниот топ модел на Америка”. Покрај тоа, таа е главен домаќин на нејзината емисија “ Шоуто на Тајра Бенкс” , прв пат прикажанa на 12 септември 2005 година, дневно ток шоу наменето за помладите жени. Во оваа емисија се работи за приказни од секојдневниот живот на луѓето кои се вмешани во интервјуто, емисијата на славните личности, нешто како она шоу на Опра Винфри. Под насловот ” Секоја жена има својат приказна…како и Тајра Бенкс” во оваа емисија Тајра раскажува за своите случки од нејзиното детство и адолесценцијата. Во многуте епизоди од оваа серија се дискутира за проблемите на жената во денешното општество. Бенкс заедно со други експерти им даваат совети на жените за модата, за љубовните врски и др. Првите две сезони од оваа емисија беa снимени во нејзиниот роден град во Лос Анџелес, но почнувајќи со неуспехот од сезоната во 2007 година, серијата почна да се снима во Њу Јорк. Во 2008 година таа ја доби наградата Daytime Emmy Award за нејзината соработка и учество во серијата “Шоуто на Тајра Бенкс”.

Подоцна во јануари 2008 година, таа се префрли од The CW Television Network за да работи на нови епизоди од реална серија за модни списанија “Стајлиста”. Серијата за прв пат се прикажа на 22 октомври 2008 година.

Таа свoјата најдобра и најголема улога ја доби во 1994 година, играјќи во драмата Higher Learning. Таа глумеше заедно со Линзи Лохан во филмот на Дизни, Life-Size, глумејќи кукла по име Ив која оживува и треба да научи како да живее во реалниот свет. Нејзини други поголеми улоги се во филмовите Love Stinks (1999), Love & Basketball (2000), Coyote Ugly (2000), и Halloween: Resurrection (2002).

Музика[уреди]

Тајра Бенкс се појави во неколку музички спотови како во спотовите на Мајкл Џексон "Black or White", во спотот на Тина Тарнер "Love Thing", на Моб Диб "Trife Life" и на Џорџ Мајкл "Too Funky"( заедно со супер моделот Линда Евангелиста). Во 2004 година таа ја сними својата прва песна "Shake Ya Body," за која што беше направен и видео спот во кои учествуваа и последните шест натпреварувачи од втората сезона на американското шоу ”Следниот топ модел на Америка” Oвој спот беше прикажан насекаде во светот преку телевизиската мрежа УПН, но сепак песната доживеа неуспех. На американското шоу “Новиот топ модел на Америка” , Бенкс изјави “За мене пеењето беше долгогодишна желба ...поминав шест години во студија правејќи и снимајќи песни” Подоцна во нејзиното ток шоу таа изјави “Не ми се верува дека потрошив шест години на нешто што не го завршив... малку фалеше за да го издадам мојот албум “Т.А.Ј.Р.А” , но откако мојата музичка кариера доживеа неуспех, јас се откажав”.

Иако нејзината песна "Shake Ya Body" доживеа неуспех, во 2004 година ,продуцентот Родни Џеркинс изјави за списанието “Џет” дека таа го поседувала тоа што треба за да биде успешна во музичката кариера..била многу упорна и вредна за време на снимањето на песните во студиото. Некои луѓе седеа и снимаа во студиото само по три или четири часа. Но Тајра била упорна, седела и снимала во студиото без престан. А за нејзиниот глас изјавил дека кога ке ја слушнат луѓето ке бидат изненадени затоа што таа навистина има глас и знае да пее. Таа можела да биде сопрано или висок алт. Ја предизвикав гласовно. Ја терав да пее коку што може најмногу, се додека не ја испее строфата како што треба.

Таа издаде песна заедно со играчот на НБА Коби Брајант, насловена како “К.О.Б.И”, и била испеана за време на телевизијата која ја емитувала НБА . Таа исто така пеела и во песната за Disney Channel's Original Movie Life-Size наречена “Биди звезда”. Таа е задолжена за изведување на песната за “Новиот топ модел на Америка “.

Книги[уреди]

Тајра Бенкс напиша и книга насловена како “Земјата на модата”. Подоцна таа објави три нови изданија за истата книга.

Филмови[уреди]

Филмови
Година Филм Улога Забелешки
1995 Higher Learning Deja
1999 Love Stinks Holly Garnett
2000 Love & Basketball Kyra Kessler
Life-Size Eve Doll ТВ серија
Coyote Ugly Zoë
2002 Halloween: Resurrection Nora Winston
Eight Crazy Nights Victoria's Secret Gown Глас
2007 Mr. Woodcock Себеси Кратко појавување
2008 Tropic Thunder Себеси Кратко појавување
2009 Hannah Montana: The Movie Себеси во женскиот оддел за чевли Кратко појавување[2]
Телевизија
Година Наслов Улога Забелешки
1993 The Fresh Prince of Bel-Air Jackie Ames Тв серии (насловени како "Tајра")
  • Where There's a Will, There's a Way: Part 1
  • All Guts, No Glory
  • Father of the Year
  • Blood Is Thicker Than Mud
  • Fresh Prince After Dark
  • Take My Cousin... Please
  • You've Got to Be a Football Hero
1999 Felicity Jane Scott ТВ серии
  • A Good Egg
  • Kissing Mr. Covington
  • One Ball, Two Strikes
Just Shoot Me! Себеси ТВ серии
  • Nina Sees Red: Part 1
  • Nina Sees Red: Part 2
2000 MADtv Katisha Latisha Parisha Farisha Johnson Тв серии
  • Episode #5.17
  • Episode #5.25
2003–денес America's Next Top Model Водител Меѓународни реални тв серии изрежирани од Тајра Бенкс
2004 American Dreams Carolyn Gill ТВ серии
  • Chasing the Past
All of Us Roni ТВ серии
  • O Brother, Where Art Thou?
2005–2010 The Tyra Banks Show Водител Ток шоу
2009 Gossip Girl Ursula Nyquist ТВ серии, 3 сезона
  • Dan de Fleurette

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: