Суседград

Од Википедија — слободната енциклопедија
Суседград
Susedgrad
Загреб, Хрватска

Цртеж на раниот изглед на Суседград со реките Сава и Крапина во заднината.
Тип Замок на врв на рид
Координати 45°49′16″N 15°49′52″E / 45.82106° СГШ; 15.83105° ИГД / 45.82106; 15.83105
Изграден 14 век (14 век)
Градежни
материјали
Камен
Висина Изграден на врвот на рид висок 194 метри
Во употреба 14–17 век
Урнат Оставен на забот на времето после 17 век.
Тековна
состојба
Во урнатини
Тековен
сопственик
* Цистерцити
Битки/војни * Стогодишна хрватско-турска војна - во близина се случиле повеќе акинџиски напади.[1]

Замок Суседград (унгарски: Szomszédvár) — средновековна тврдина во урнатини на крајниот западен рид на планината Медведница. Исто така Суседград го означува и крајниот западен дел на денешен Загреб, Хрватска.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Како што е напишано на таблата во близина на урнатините на Сусеград, тврдината надгледувала важна раскрсница кај сливот КрапинаСава, и овозможувала надзор над околните копнени и водни патишта. Археолошките и палеонтолошките наоди укажуваат дека местото било населено уште од древно време. Се верува дека и блиските каменоломи постојат уште од антиката, со кои се снабдува со камен за градење тврдини и цркви во околината.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Средновековна Славонија[уреди | уреди извор]

Тлоцрт на замокот Сусеград.

Пишани извори од 1299 и 1287 година покажуваат дека замокот бил изграден некаде во текот на втората половина на 13 век, кога бил во сопственост на цистерцитски ред.[3] Потоа се споменува во 1316 година во една повелба на унгарскиот крал Карло I како негова сопственост.[4] Замокот бил кралски имот до 1345 година кога кралот Лалош Велики му го дал на Никола III Ака -Тот, кој го поддржувал кралот Луј во неговите војни.[5] [4] Никола III исто така, добил контрола над значајни поседи во Хрватско Загорје, кои подоцна ќе се развијат во она што подоцна ќе биде познато како Сегниориј Сусеград-Стубица.[5] Семејниот огранок кој го контролирал Суседград станал познат како Тотови од Сусеград.[5] Тотови изумреле, а нивната последна наследничка - Доротеја, се омажила за Никола Хенинг, чие семејство во 1439 година ги презело правата на имотот на Ака.[5]

Рано модерно раздобје[уреди | уреди извор]

Хенингови имале целосна контрола над замокот, сè до 1502 година кога и тие изумреле, по што повеќемина полагале претензии за замокот по женската линија.[6] Правниот спор се појавил околу прашањето дали таквите „женски“ барања се легални или кралот има право да му го даде замокот на нов сопственик. На крајот, царот Фердинанд му дал една половина од имотите на штаерскиот благородник АндреасТојфенбах, кој го променил своето презиме во Хенинг преку лозата на неговата мајка, додека уште половина му дал на Андрас Батори, исто така потомок на Хенингови.[7]

Хенинг-Тахиови војни[уреди | уреди извор]

Андреас Тојфенбах-Хенинг починал во 1563 година, и ја оставил вдовица својата сопруга Урсула Мекницер Хенинг. Додека бил жив, Тојфенбах ѝ дал под закуп половина од својот имот во Суседград на неговата сопруга Урсула Мекницер, додека другиот дел му го дал на Андрас Батори. Бидејќи често бил отсутен во Унгарија, Батори ги продал своите целосни права на Сусеград и Стубица на Фрањо Тахи за 50.000 форинти, кој на тој начин станал мнозински сопственик.[6] Урсула, одбила да го прифати Тахи како сопственик, додека Тахи исто така одбил да ѝ попушти на Урсула што ги довело овие двајца благородници во судир. И Урсула и Тахи почнале да собираат моќни сојузници околу себе, при што Урсула ја имала поддршката на хрватскиот вицебан Амброз Грегоријанец, додека Тахи ја имал поддршката на хрватскиот бан Петер Ердоди.[6] Урсула го направила првиот потег во 1565 година кога собрала војска од околу 800 месни селани и го истерала семејството на Тахи. Кога хрватскиот бан Петар Ердоди ја собрал хрватската војска за да ја казни, Урсула и нејзините сојузници повторно собрале силна триилјадна селска војска и ја разбиле хрватската војска во битката кај Суседград во јули 1565 година. Прашањето потоа беше отстрането до хрватскиот парламент кој покренал тужба против Урсула, додека Кралската комора го запленил нејзиниот имот додека не се реши тужбата. Тахи во меѓувреме бил вратен во следната година и почнал да им се одмаздува на месните селани кои се бореле со Урсула против него, а тоа на крајот ќе ескалира во Хрватско-словенечкиот селански бунт од 1573 година.[6] Бидејќи Тахи починал истата година, Хенинг го откупил делот од имотот на Тахи од неговите потомци во 1574 година.[3]

Напуштање[уреди | уреди извор]

Историчарот Стјепан Лаљак забележува дека во 1590 година Суседград бил погоден од силен земјотрес.[8] Во почетокот на 17 век, замокот изгорел, а подоцна бил напуштен и оставен да пропаѓа. Една од главните причини за напуштањето било тоа што немало потреба од голема тврдина бидејќи опасноста од упадите на османлиските акинџии се намалила. Исто така, методите на војување се развиле, што го направило овој замок бескорисен.[9]

Современо раздобје[уреди | уреди извор]

Замокот и го дал името на денешната населба Подсусед, што буквално значи „под сосед“.

Извесно време кон крајот на 20 век, името Суседград се користело за градска општина која била распуштена во општинската реформа во 1999 година и последователно била промената во градските окрузи Подсушед - Врапче и Стенјевец.[10]

Иницијативи за обнова[уреди | уреди извор]

Она што останало од замокот било значително оштетено во земјотресот во Загреб во 2020 година.[11] И покрај желбите на месното население да го обнови замокот, според пишувањето на хрватскиот весник „Вечерњи лист“, Република Хрватска и Градот Загреб со години не можат да постигнат договор за сопственоста на земјиштето и финансирањето на проектот, така што сè стои во место. Во меѓувреме, остатоците од замокот се оставени на пропаѓање.[11]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Познато е дека во 1474 година отоманските акинџии го спалиле селото Брод на Крапина, кое село дене веќе не постои. Поединости побарајте во книгата: Ljudi, prostor i mijene : susedgradsko i donjostubičko vlastelinstvo : 1450.-1700., од Бранимир Брглеш во поглавјето што се однесува на месните населби.
  2. For a detailed description of history of Susedgrad see: Brgles, Branimir (2019). Ljudi, prostor i mijene – Susedgradsko i donjostubičko vlastelinstvo 1450. - 1700. Zagreb: Institut za hrvatski jezik i jezikoslovlje. ISBN 978-953-7967-63-5.
  3. 3,0 3,1 Nadilo, Branko. „Medvedgrad i druge zagrebačke utvrde“. Građevinar: 484–485.
  4. 4,0 4,1 Enciklopedija hrvatskog Zagorja. стр. 791.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 „Aka | Hrvatska enciklopedija“. www.enciklopedija.hr. Посетено на 2022-06-17.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 Klaić, Vjekoslav (1988). Povijest Hrvata: knjiga peta. Zagreb: Matica hrvatska. стр. 353–373.
  7. Brgles, Branimir (2018). „Tko se buni pod Susedgradom i Stubicom? Prilog proučavanju društvenih nemira 1565. – 1573“. Povijesni prilozi/Historical contributions. 37 (55): 139–203. doi:10.22586/pp.v55i0.68. Посетено на 15 September 2022.
  8. Laljak, Stjepan (1991). Novi dvori od Jelačića bana do današnjih dana. Zagreb: Matica hrvatska. стр. 9.
  9. „Susedgrad | Hrvatska enciklopedija“. www.enciklopedija.hr. Посетено на 2022-06-17.
  10. „Grad Zagreb službene stranice“.
  11. 11,0 11,1 „Potres je dodatno oštetio utvrdu Susedgrad, urušili su se cijeli zidovi“. www.vecernji.hr (хрватски). Посетено на 2023-05-30.