Стефан Андоновски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стефан Андоновски
Стефан Андоновски во 2022 година
Лични податоци
Роден(а) 17 април 1991(1991-04-17)(33 г.)
Скопје, НР Македонија СР Македонија
Партија ВМРО-ДПМНЕ
Установа Правен факултет „Јустинијан I“ - Скопје
Професија правник

Стефан Андоновски (17 април 1991, Скопје) — македонски политичар, член на ВМРО – ДПМНЕ и актуелен дополнителен заменик министер[1] во Министерството за информатичко општество и администрација во техничката влада за изборите во 2024 година. Андоновски активно ги зборува англискиот и италијанскиот јазик, а се служи и со грчкиот и германскиот јазик.

Образование и рана кариера[уреди | уреди извор]

Дипломира во 2013 година на Правниот факултет "Јустинијан Први" во Скопје, за да веднаш по дипломирањето добие стипендија на Министерството за образование и наука и Владата на Република Македонија за студентите кои ќе бидат примени на 100 најдобри универзитети во светот според ранг листата на Шангајскиот Џиао Тонг Универзитет и запишува магистерски студии на Универзитетот Џонс Хопкинс[2] во САД каде што станува магистер по меѓународни односи[3]. Во моментов е докторант на Правниот факултет "Јустинијан Први" во Скопје.

Политичка кариера[уреди | уреди извор]

Како член на ВМРО–ДПМНЕ извршува повеќе партиски функции во партиските органи и во моментов ја извршува функцијата секретар за меѓународна соработка на ВМРО–ДПМНЕ и раководител на Партискиот истражувачко аналитички центар „Љубиша Георгиевски“[4] '

На локалните избори во 2021 година е избран за член на Советот на Град Скопје[5]

Пред политичкиот ангажман, пет години работи во бизнис секторот во Македонија и е консултант на меѓународни донаторски проекти во областа на дигиталниот маркетинг, комуникации и медиуми. Има напишано трудови и колумни во домашни и меѓународни списанија, фокусирајќи се на меѓународна медијација и преговори, како и на уставни реформи во постконфликтни системи[6][7]. Стефан Андоновски е и актуелен стипендист на Фондацијата Конрад Аденауер.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Курир.мк“.
  2. „Home“. Johns Hopkins SAIS (англиски). Посетено на 2024-04-08.
  3. „ЛАФ-МУАБЕТ СО СТЕФАН АНДОНОВСКИ: ПОВЕЌЕ СЕ РАДУВАМ НА РАЗГОВОР СО СЕМЕЈСТВОТО ВО ПИЖАМИ ОТКОЛКУ ВО СКАП РУЧЕК СО ЛУЃЕ КОИ НЕ ГИ ЧУВСТВУВАМ КАКО „СВОИ". Машки Магазин (англиски). Посетено на 2024-04-08.
  4. „Партиски истражувачко аналитички центар“.
  5. „Совет на Град Скопје“.
  6. „Stefan Andonovski, Author at BullsEye“. BullsEye (англиски). Посетено на 2024-04-08.
  7. „Stefan Andonovski - Academia.edu“.